Даниел Нолан, дописник на британски „Гардијан“ од Будимпешта вчера на својот Твитер-профил објави фотографија од избеганиот поранешен македонски премиер Никола Груевски во Будимпешта.

Retrock butik vo Budimpeshta za fotografijata so Gruevski

Груевски бил фотографиран од Нолан во центарот на Будимпешта, како чекори кон штанд за автобуски туристички тури „Хоп Он – Хоп Оф“. Фотографијата е направена пред бутикот „Ретрок“ близу метро станицата „Деак Ференц“ и паркот „Ержебет“ во Пешта, односно ноќниот клуб „Аквариум“.

Фотографијата е објавена вчера, на денот кога се наврши еден месец од бегството на Груевски од Македонија. Тој доби политички азил во Унгарија.