Бектеши: Решен е проблемот со парното, граѓаните ќе добијат непречена испорака на топлинска енергија

-

“Проблемот со снабдување со топлинска енергија во Градот Скопје и општините е решен. Домаќинствата ќе имаат непрекината испорака на парно греење. Владата на Република Северна Македонија на денешната седница, на предлог на Министерството за економија донесе Уредба за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба на пазарот на топлинска енергија”, извести министерот за економија, Крешник Бектеши.

Согласно оваа Уредба ќе биде донесена Одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија за што деталите ќе бидат дополнитечно утврдени.

Министерот Бектеши рече дека со цел надминување на ова состојба, Владата ќе обезбеди финансиски средства со кои ќе се субвенционираат сметките на граѓаните за топлинска енергија на граѓаните.

Мерките кои се составен дел од Уредбата овозможуваат Владата преку ЕСМ да го стабилизира пазарот на топлинска енергија.

АД ЕСМ денес потпиша Договор за набавка на електрична енергија со ТЕ-ТО до 31.01.2022 година.

За реализација на овој договор ТЕ-ТО ке произведе дополнителни количини на топлинска енергија покрај електричната со што ќе се овозможи континуирано квалитетно и економски исплатливо снабдувањето во овој период. ТЕ-ТО има сигурен извор на гас и може да работи без пречки, во периодов има активни договори за продажба на електрична енергија и ќе работи дополнително за време на викенд, а произведената електрична енегија ќе ја купува АД ЕСМ. Дополнително ТЕ-ТО наместо до 21.00 ќе работи до 01.00 после полноќ и со оваа ќе се произведе потребната топлинска енергија, изјави минстерот Бектеши.

До крај на грејната сезона се планира целокупната произведена електрична енергија од ТЕ-ТО да ја превземе АД ЕСМ со што ке има доволно топлинска енергија за БЕГ.

Со оглед на тоа што во моментов, како што информираа од снабдувачот БЕГ, не се во можност да работат самостојно и побараа од Владата принудна управа, донесена е одлука за склучување на договор за деловно техничка соработка помеѓу БЕГ и ЕСМ по задолжение од Влада.

Согласно ова задолжение Владата во најкус рок ќе донесе одлука и ќе го задолжи ЕСМ да склучи договор за деловно техничка соработка со БЕГ.

Исто така за работењето на АД Скопје Север ќе се склучи договор за деловно техничка соработка по истиот принцип.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...