fbpx

Бегалците ја ослободија пругата на Идомени

-

Бегалците на Идомени ја ослободија железничката пруга. Доброволно, без полициска интервенција, по повеќе од еден месец блокада бегалците се тргнаа од пругата и ги преместија шаторите од шините на просторот покрај пругата и низ други различни места во импровизираниот камп кај Идомени. Пругата засега е слободна.

Блокадата на железничката линија кај Идомени предизвика голема финансиска штета за грчките извозници и транспортери.

Во кампот сè уште има повеќе од 10.000 бегалци. Според денешните официјални бројки на грчката влада, во кампот има 10.185 бегалци, со што најавата на грчката влада дека Идомени ќе се испразни околу Велигден и сите бегалци ќе бидат релоцирани во привремените бегалски центри, паѓа во вода.

Грчката полиција на Идомени и понатаму дели летоци на пет различни јазици, во кои се објаснува дека границите се затворени, чекањето во Идомени е бесцелно и им се посочува на бегалците да се префрлат во бегалските центри, каде би имале подобри услови за живот и можност официјално да поднесат барање за азил за да добијат шанса да заминат во некоја од земјите во Северна и во Западна Европа.

Меѓутоа, и покрај информативните летоци, од кампот заминуваат многу малку бегалци, а бројката на лица што се сместени во шаторите на нивите кај Идомени не опаѓа под 10.000. Според информациите, во понеделникот од Идомени заминале само два автобуси со бегалци.

Не е целосно испразнето ни пристаништето Пиреја, на кое има околу 2.700 бегалци, иако грчката влада најави дека ќе ги релоцира и луѓето оттаму за да го оспособи пристаништето за туристичкиот бран за Велигден.

Во целата земја има околу 54.000 бегалци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...