понеделник, 18 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: пруга | 67 резултати

„Тргнува“ пругата за брзи возови, утре ќе се потпишува договор со Србија

ноември 16, 2023

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека утре со македонскиот колега Благој Бочварски ќе потпише Меморандум за изградба на брза пруга од Ниш до Скопје, за што двете земји заеднички ќе побараат средства од ЕУ, јави Радио телевизија на Војводина. „Ќе потпишеме Меморандум со Македонија и јас сум особено горд на […]

Од 8 до 20 мај ќе има затворање на пругата Велес-Гевгелија

мај 5, 2023

Од 8 до 20 мај, во периодот од 9:30 до 19:00 часот, поради реконструкција на пругата ќе биде затворена за сообраќај пругата од Велес до Гевгелија, информираат од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ. Во овој период, патничкиот воз со број 632 на релација Гевгелија – Скопје од железничката станица Гевгелија ќе тргнува […]

Локвенец не рекол дека ќе се гради пруга од скопскиот до охридскиот аеродром

април 25, 2023

Во интервју за порталот Локално, Локвенец вели дека до двата аеродрома во иднина ќе има можност да се пристигнува и со воз, но не и дека аеродромите во двата града  – Скопје и Охрид, меѓу себе ќе бидат поврзани со пруга. Односно, планирано е да има железничка линија што ќе го поврзува Охрид со охридскиот […]

Кражби ја прекинуваат работата на телекомандата по пругата на Коридор 10 и на патните премини

март 23, 2023

Опасни инциденти со кражби на железничката инфраструктура се случуваат во Македонија, кои предизвикуваат прекини на функционирањето на патните премини преку пругите, а во одредени случаи и ја прекинуваат работата на телекомандата, преку која се раководи сообраќајот по пругата на Коридорот 10 од Табановце до Гевгелија. По тешката железничка несреќа во Грција, во која животот го […]

Чекајќи го возот за Софија: Нова надеж за „пругата наречена надеж“

ноември 4, 2022

Пругата кон Бугарија е најветуваниот проект од сите политички елити во изминатите три децении. Кај местото Шупли Камен во близина на Куманово деновиве повторно почна да се гради „пругата наречена надеж“, власта сега уверува дека пругата ќе биде изградена до крајот на 2027 година. Изградбата на пругата започна во 1994 година во време на Владата […]

Ковачевски: Го разбирам скептицизмот на граѓаните за пругата кон Бугарија, но ќе работиме напорно [Галерија]

октомври 29, 2022

Свесен сум дека постои скептицизам, јас сум еден од оние кои практично пораснаа со проектот железница кон Бугарија. Од моментот кога станав свесен за тоа што се железнички коридори, тогаш почна да се гради овој железнички коридор и сѐ уште не е изграден. И знам зошто постои тој скептицизам, таа недоверба дека некогаш и ќе […]

Седум години се врши ремонт на пругата Ногаевци-Неготино на Коридорот 10

декември 20, 2020

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ веќе седум години врши ремонт на железничката пруга Ногаевци-Неготино. Оваа делница од Коридорот 10 е долга 31 километар, а изведбените активности се одолговлекуваат во време кога соседните земји Бугарија, Грција и Србија градат брзи пруги на главните паневропски коридори што минуваат низ нивните територии. Ремонтот на пругата […]

Автопатот, пругата, гасоводот и заедничкиот граничен премин ветени во Приштина меѓу Бочварски и Абраши

октомври 29, 2020

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска престојуваше во официјална посета на Приштина, каде што се сретна со неговиот косовски колега Арбан Арбаши. На средбата се дискутирало за неколку инфраструктурни проекти, кои би овозможиле посилен регионален развој, информираат од Министерството за транспорт и врски. Во однос на ветената изградба на заедничкиот железнички граничен премин […]

Прекина изградбата на пругата Куманово-Бељаковце, ќе има тендер за нов изведувач

јуни 18, 2020

Сопрена е изградбата на пругата Куманово-Бељаковце на барање на германскиот изведувач „Вибе“, информираат од ЈП Железници на РСМ-Инфраструктура. Државата ќе мора да бара нов изведувач за довршување на првата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија, како и изготвувач на нова техничка документација за железничката делница долга 30,8 километри. Од ЈП ЖРСМ Инфраструктура во […]

Реализацијата на капиталните инвестиции нема да запре поради корона кризата

април 3, 2020

Владата не планира да ја запре реализацијата на капиталните инвестиции во делот на инфраструктурата. Од Министерството за транспорт и врски во изјава за „Мета.мк“ посочуваат дека капиталните проекти во делот на патната, железничката и комуналната инфраструктура ќе продолжат да се изведуваат непречено. – Министерството за транспорт и врски ги презема сите потребни активности за да […]

Владата до УНЕСКО: Со Албанија ќе бараме прифатливо решение за трасата на пругата

февруари 6, 2020

Покрај отворањето на тендерската постапка за анализа на алтернативна рута за идното железничко поврзување меѓу Македонија и Албанија, владата во доставениот извештај до УНЕСКО тврди дека формирале државна работна група, која заедно со УНЕСКО и албанските институции ќе работи на изнаоѓање прифатливо решение за овој инфраструктурен проект што нема да му наштети на исклучителната универзална […]

Изградени 64 отсто од пругата Куманово – Бељаковце до крајот на 2019 година

декември 27, 2019

Се интензивира изведбата на градежните работи на првата фаза од проектот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија. До крајот на годинава, изградени се 64 отсто од пругата Куманово – Бељаковце со должина од 30,8 километри, информираат од Министерството за транспорт и врски за „Мета.мк“. – Интензитетот на изградба се зголеми во втората половина на […]

„Охрид СОС“: Последиците по биодиверзитетот во документите на владата се сведени на пејсажни ефекти

декември 13, 2019

Од „Охрид СОС“ велат дека Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028 година и Стратегиската оценка за животна средина (СОЖС) кон овој план несоодветно го третираат влијанието на идниот автопат Требеништа – Струга и пругата Струга – Лин врз биодиверзитетот на регионот што е заштитен под капата на УНЕСКО. „Охрид […]

Ќе се прави анализа за предлогот на УНЕСКО за алтернативна рута за пругата кон Албанија

декември 11, 2019

Владата на вчерашната седница го задолжи генералниот секретаријат во рок од 10 дена да објави постапка за јавна набавка за изработка на анализа на предлогот за алтернативна рута за пругата долж Коридорот 8, која што веќе ја предложи Реактивната мисија на УНЕСКО во 2017 година, информираат од владината прес – служба. УНЕСКО жестоко ја критикуваше […]

Пругата кон Албанија ќе поскапи за 100 милиони евра ако се препроектира

ноември 14, 2019

Работната група за постапување по забелешките на УНЕСКО во моментов работи на предлог – решенија за железничкото поврзување меѓу Македонија и Албанија. Од владата за „Мета.мк“ информираат дека финалното решение околу трасата на пругата Кичево – Лин ќе биде усогласено со препораките на УНЕСКО. – Во предлог – решенијата се инкорпорирани еколошките мерки кои треба […]

ДЗР: Државата недоволно одвојува за железнички превоз и инфраструктура

октомври 30, 2019

Владата преку надлежното министерство од годишниот буџет во 2018 година одвоила помалку средства од неопходните за нормално функционирање на железничкиот превоз и за одржување на пругите. Државниот завод за ревизија ја дава ваквата констатација во Конечниот извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност за 2018 година на сметката на основен буџет […]

Пруга до скопскиот аеродром постоела до 1980 година, на трасата денеска има само отпад

октомври 17, 2019

Скопскиот аеродром имал директна железничка врска до пругата Скопје – Куманово сѐ до 1980 година, кога престанала да функционира. Воeниот аеродром „Петровец“ преку оваа пруга се снабдувал со керозин за авионите, но по 1980 година во станицата Миладиновци бил изграден воен колосек и цевковод за пренесување на горивото до цистерните на аеродромот, ги потврдуваат за […]

Пругата Македонија – Албанија на слеп колосек поради лошо избраната рута, заканата за Охридското езеро и цената

август 16, 2019

Несоодветната рута избрана за железничкото поврзување меѓу Северна Македонија и Албанија е најновата опасност за задоцнета реализација на овој стратешки проект на Коридорот 8. Веќе две години, УНЕСКО предупредува дека Охридското езеро може да се најде на листата на загрозено светско наследство доколку продолжи да се реализира инфраструктурниот проект по постојната траса. Изведбениот проект за […]

Со турски дрезини во иднина ќе се одржуваат македонските пруги

август 15, 2019

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на РСМ набави две нови дрезини за одржување на железничката инфраструктура во земјава. Станува збор за инвестиција вредна над два милиона евра, со која делумно ќе се обнови возниот парк задолжен за одржување на пругите низ земјава. Како што се наведува во објавениот договор на Електронскиот систем за […]

Обезбедивме 580 милиони евра за железничката пруга од Куманово до бугарската граница, вели Заев

јули 23, 2019

Во интервју за бугарската приватна новинска агенција „БГНЕС“, македонскиот премиер Зоран Заев порача дека пругата од Куманово до бугарската граница би требало да биде пуштена во употреба најдоцна до 2025 година, а за изградбата на третата фаза, од Крива Паланка до Бугарија ќе бидат потрошени 405 милиони евра, од кои 345 милиони евра кредит, кој […]

Страна 1 од 4