fbpx

За странците, терористите станаа – наводни!

-

Дваесет и четири часа по акцијата на полицијата во кумановското Диво Насеље, амбасадорите на САД, земјите од Европската унија и западните медиуми, за групата што МВР ја оквалификува како терористичка, почнаа да зборуваат и да пишуваат во наводници или да го употребуваат изразот „наводни терористи“.

Амбасадорот на САД во земјата, Џес Бејли, кој заедно со амбасадорите на Европската унија, Велика Британија, Германија, Франција и на Италија вчера беше на средба со премиерот Никола Груевски, во заедничкото соопштение ги стави терористите во наводници.

Угледниот американски весник „Њујорк тајмс“ пишува дека „Владата на Груевски во саботата, во раните утрински часови, наредила полициска операција против етнички албански „терористи“ во северниот етнички мешан град Куманово, во која загинале осум полицајци и 14 наводни „терористи“.

Британски „Гардијан“, во текстот посветен на атмосфрета (политичка и на терен), групата што беше цел на полицијата ја именува со „терористи“, но со наводници.

„Деталите за акцијата остануваат нејасни (магливи), но конзервативната влада на Никола Груевски се соочи со итни повици од НАТО и од Европската унија за „транспарентна истрага“ за тоа што се случило“, пишува „Гардијан“, во текстот насловен „Насилството меѓу македонската полиција и „терористите“ го стави премиерот под лупа“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...