fbpx

Мали хидроцентрали ќе ја осветлат Равна Река

-

Четири мали хидроцентрали од вкупно 19 што ќе се градат во Македонија, ќе ги користат изворите на реката Брегалница во туристичката населба Равна Река, кај Пехчево. Ќе ги гради една приватна фирма, која минатата недела го потпиша концесионерскиот договор.

За викенд-населбата тоа е важен настан бидејќи таму сè уште нема струја, а сопствениците користат непостојани, алтернативни извори или живеат на свеќи. Градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски, најави брз почеток на изградбата на малите хидроцентрали.

– Концесионерот е многу заинтересиран и очекуваме да почне да гради во јуни. Ова е важна инвестиција бидејќи покрај со хидроцентралите, со изградбата на далекуводот од Пехчево, очекуваме Равна Река конечно да се електрифицира – вели Поповски.

За Општината, електрификацијата на Равна Река е клучна за развој на туризмот. Годинава продадени се 20 парцели за викенд-куќи, од кои една и за изградба на хотел. Кон крајот на мај, се очекува да се распише и тендерот за изградба на канализација во оваа туристичка населба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...