fbpx

Обвинителството бара притвор за тројца од петмината приведени за исчезувањето на Вања

„Сите шпекулации кои имаат за цел да ја компромитираат истрагата во овој момент ќе бидат најостро санкционирани“, предупредуваат во Обвинителството

-

Основното јавно обвинителство бара притвор за тројца од петмината кои беа приведени вчера, а се поврзани со случајот за исчезнувањето на четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска, информираат оттаму.

„Во текот на целиот ден се преземаат дејствија за обезбедување докази. За тројца од петмината приведени во текот на вчерашниот ден, јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување 48-часовен притвор со цел да биде обезбедено нивното присуство до целосно расчистување на настанот. Јавното обвинителство и МВР ќе ја информираат јавноста веднаш штом се создадат услови кои нема да ја нарушат постапката. Сите шпекулации кои имаат за цел да ја компромитираат истрагата во овој момент ќе бидат најостро санкционирани“, соопштуваат оттаму.

Петмината приведени се на распит од вчера. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера кажа дека се работи интензивно на расчистување на случајот.

„Имаме приведено пет лица и обезбедено едно возило со кои се продолжува понатаму работењето. Тоа е нешто плус што го преземавме во однос на сето она како доказ или трага, со цел да дојдеме до целосно расчистување на овој случај“, изјави Спасовски.

Вања исчезна пред 6 дена, во понеделникот, кога околу 7.30 часот излегла од својот дом во близина на Градскиот парк за да оди на училиште. Мајката го пријави исчезнувањето еден час подоцна, откако класниот раководител ѝ јавил дека девојчето не е стигнато на училиште. Во потрагата се вклучи и Интерпол, a МВР формираше и стручен штаб.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...