fbpx

Русија, Белорусија и Иран не се поканети на доделувањето на Нобеловата награда во Стокхолм

Русија и нејзиниот сојузник Белорусија не беа поканети и минатата година по руската инвазија на Украина, додека Иран беше изоставен поради досието за човекови права

-

Фондацијата за доделување на Нобеловата награда ја повлече одлуката да ги покани Русија, Белорусија и Иран на овогодинешната церемонија на доделување награди во Стокхолм. Поканата наиде на силни критики во јавноста, а од Фондацијата соопштија дека ја препознале силната реакција во Шведска.

Русија и нејзиниот сојузник Белорусија не беа поканети и минатата година по руската инвазија на Украина, додека Иран беше изоставен поради досието за човекови права.

И Украина ја критикуваше овогодинешната одлука, по што го поздрави решението за повлекување како „победа на хуманизмот“. Церемонијата на доделување на наградите се одржува во Стокхолм на 10 декември – годишнината од смртта на Алфред Нобел.

Во своето соопштение, Нобеловата фондација ја бранеше својата претходна одлука, велејќи дека „важно е и правилно да се допре што е можно пошироко со вредностите и пораките за кои се залага Нобеловата награда – на пример, преку минатогодишната јасна политичка порака со наградата за мир доделена на борците за човекови права од Русија и Белорусија, како и на Украинците кои работат со документирање на руските воени злосторства“, но, призна дека реакцијата на јавноста ја засенила оваа порака.

„Избравме да го повториме минатогодишниот исклучок од редовната практика – односно да не ги поканиме амбасадорите на Русија, Белорусија и Иран на церемонијата на доделување на Нобеловата награда во Стокхолм. Како и досега, сите амбасадори ќе бидат поканети на церемонијата во Осло“, соопшти фондацијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...