Русија, Белорусија и Иран не се поканети на доделувањето на Нобеловата награда во Стокхолм

Русија и нејзиниот сојузник Белорусија не беа поканети и минатата година по руската инвазија на Украина, додека Иран беше изоставен поради досието за човекови права

-

Фондацијата за доделување на Нобеловата награда ја повлече одлуката да ги покани Русија, Белорусија и Иран на овогодинешната церемонија на доделување награди во Стокхолм. Поканата наиде на силни критики во јавноста, а од Фондацијата соопштија дека ја препознале силната реакција во Шведска.

Русија и нејзиниот сојузник Белорусија не беа поканети и минатата година по руската инвазија на Украина, додека Иран беше изоставен поради досието за човекови права.

И Украина ја критикуваше овогодинешната одлука, по што го поздрави решението за повлекување како „победа на хуманизмот“. Церемонијата на доделување на наградите се одржува во Стокхолм на 10 декември – годишнината од смртта на Алфред Нобел.

Во своето соопштение, Нобеловата фондација ја бранеше својата претходна одлука, велејќи дека „важно е и правилно да се допре што е можно пошироко со вредностите и пораките за кои се залага Нобеловата награда – на пример, преку минатогодишната јасна политичка порака со наградата за мир доделена на борците за човекови права од Русија и Белорусија, како и на Украинците кои работат со документирање на руските воени злосторства“, но, призна дека реакцијата на јавноста ја засенила оваа порака.

„Избравме да го повториме минатогодишниот исклучок од редовната практика – односно да не ги поканиме амбасадорите на Русија, Белорусија и Иран на церемонијата на доделување на Нобеловата награда во Стокхолм. Како и досега, сите амбасадори ќе бидат поканети на церемонијата во Осло“, соопшти фондацијата.

Саем за образование: Поттик за избор на домашни високообразовни установи и успешна кариера во земјата

Во Скопје денеска и утре е во тек Саемот за образование, на кој учениците, студентите и родителите имаат можност да се запознаат со академските и професионалните можности што ги нудат домашните...

Огромен број граѓани на протестот во Белград, пристапот до Собранието отежнат, силно полициско присуство

Додека протестот во Белград се разгорува, атмосферата останува напната, пишува српски Данас.рс. Студентите во блокада, кои го повикаа протестот, објавија дека главниот собир ќе се одржи пред Собранието на Србија, како...

Мицкоски не очекува прелевање од Србија, но подготвен е да помогне ако некој побара помош

Нашата домашна задача е наша домашна задача, а домашната задача на другите земји си е нивна домашна задача, рече премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со големиот...

Напната атмосфера во Белград – распоредена полиција, но и воени ветерани, има инциденти

Реки луѓе се слеваат кон центарот на српскиот главен град, додека големиот се интензивира, а во градот се распоредени големи полициски сили. Денес во 16 часот ќе започне протестот пред Народното...

Саем за образование: Поттик за избор на домашни високообразовни установи и успешна кариера во земјата

Во Скопје денеска и утре е во тек Саемот за образование, на кој учениците, студентите и родителите имаат можност да се запознаат со академските и професионалните можности што ги...