fbpx

Бесими: Членството во ЕУ ќе донесе во земјава над пет милијарди евра за пет години

Членството во Унијата ќе донесе дополнителни 2.868 евра по глава на секој жител во земјава, односно дополнителни 5,2 милијарди евра за пет години, што е на исто ниво со буџетот на нашата земја за 2023 година.

-

Членството во Унијата ќе донесе дополнителни 2.868 евра по глава на секој жител во земјава, односно дополнителни 5,2 милијарди евра за пет години, што е на исто ниво со буџетот на нашата земја за 2023 година.

„Разликата од чекалната на ЕУ – до внатре во Унијата е 21,8 пати повеќе фондови кои ќе и станат достапни на земјава по влезот во ЕУ. Ова се средства со кои ќе можеме да имаме подобра инфраструктура, подобри услови за живот, повеќе средства за работа на нашите претпријатија и подобар животен стандард за нашите граѓани“, пишува министерот за финансии, Фатмир Бесими во својата најнова колумна.

Министерот за финансии посочува дека како што земјата се приближува до Унијата, така се отклучуваат повеќе фондови, развојни и структурни. Кохезиониот фонд е наменет за поддршка на земјите-членки на ЕУ, кои имаат бруто национален доход (Gross National Income) понизок од 90% од ЕУ-27 просекот. Со средствата од Кохезиониот фонд се поддржуваат проекти во областа на животната средина, како и трансевропските мрежи во областа на транспортната инфраструктура.

„За периодот од 2021-2027 година, земји кои се кориснички на Кохезиониот фонд се Бугарија, Чешка, Естонија, Грција, Хрватска, Кипар, Латвија, Литванија, Унгарија, Малта, Полска, Португалија, Романија, Словачка и Словенија или околу 128 милиони жители на Унијата. на кои им се достапни 392 милијарди евра, или според груби пресметки околу 3.000 евра по глава на жител кај овие земји. За истиот период на земјите кои се кандидати или потенцијални кандидати за членство во Унијата им е достапен претпристапниот фонд – ИПА III (2021-2027), во вкупен износ од 14,2 милијарди евра. Според груби пресметки, со ИПА III се обезбедуваат по околу 140 евра по глава на жител за граѓаните на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Турција, со вкупно население од 103 милиони жители“, пишува Бесими.

Министерот за финансии истакнува дека ЕУ предвидува и многу други дополнителни фондови за своите земји-членки. Буџетот на ЕУ, за периодот 2021-2027 година е проценет на околу 2.000 милијарди евра, додека средствата се насочени кон поддршка на областите: Климатска и дигитална интеграција; Заеднички пазар и иновации; Кохезија, отпорност и заеднички вредности; Природни ресурси и околина; Миграција и управување со граничниот простор; Соседство и свет и Европска јавна администрација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...