fbpx

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за скандалот на Онкологија, бараат расчистување на случајот

Двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денеска излегоа со меѓусебни обвинувања поврзани со скандалот на препродажба на скапа терапија за болни од карцином на Клиниката за онкологија и со барања случајорт да се расчисти

-

Двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денеска излегоа со меѓусебни обвинувања поврзани со скандалот на препродажба на скапа терапија за болни од карцином на Клиниката за онкологија и со барања случајорт да се расчисти.

Д-р Лазо Јовчески, член на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција рече дека последниот скандал со трговија со цитостатици на Клиниката за онкологија е шокантен, а разрешувањето директорот на Клиниката не е доволна мерка.

„За ова злодело мора да се одговара. Мора да има одговори и на прашањата кој ќе одговара со име и презиме за ваквиот третман на онколошките пациенти, кој дозволил незаконско и неуставно делување во третманот на пациентите наспроти уставно загарантираното право на здравствена заштита на секој пациент, зошто најсовремената онколошка терапија не е на позитивна листа, во чии џебови се украдените пари и дали има лоцирана одговорност“, рече Јовчески.

Од СДСМ, пак одговорија дека акцијата на надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство за сузбивање на криминал на Клиниката за онкологија е соодветна и заслужува целосна поддршка од сите.

„За вакви криминални работи се зборува 20 години, но сега за прв пат надлежни институции и Влада предводена од СДСМ се зафаќаат со негово расчистување. Наводите и сомневањата врз основа на коишто се постапува се згрозувачки и за секоја осуда. Инситуционалното постапување е вистински начин за што поскоро целосно расчистување на случајот и одговорност на сите инволвирани, за целиот опфатен временски период“, велат од владеачката партија.

Бараат да нема сензационалистички злоупотреби и етикетирања на сите доктори и медицински сестри, туку само професионална и брза институционална разрешница, согласно законите, која ќе ја утврди точно одговорноста и сите вмешани ќе ги изнесе пред лицето на правдата.

„СДСМ нема да дозволи кој било да се богати на сметка на здравјето на луѓето, ниту пак политички да се злоупотребува случајот од криминални партии како ДПМНЕ кои освен злоупотреби ништо друго не знаат“, се вели во соопштението од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...