fbpx

Слабоста на Русија е очигледна, реагира Зеленски по бунтот на Вагнер

Украинскиот шеф на државата вели дека Русија веќе долго време користи пропаганда за да ги прикрие своите слабости и глупоста на нејзината влада

-

Очигледна е целосната слабост на Русија, а Украина е во состојба да ја заштити Европа од ширењето на руското зло и хаос. Оваа изјава денеска ја даде украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм, а ја пренесува Укринформ.

„Слабоста на Русија е очигледна. Целосна слабост. И колку подолго Русија ги држи  своите војници и платеници на нашата земја, толку повеќе хаос, болка и проблеми ќе има за себе подоцна. Тоа е исто така очигледно. Украина е во состојба да ја заштити Европа од ширењето на руското зло и хаос“, истакна Зеленски.

Според неговите зборови, секој што го избира патот на злото се уништува себеси.

Украинскиот шеф на државата вели дека Русија веќе долго време користи пропаганда за да ги прикрие своите слабости и глупоста на нејзината влада. Сега, има толку голем хаос што ниту една лага не може да го скрие.

Претседателот Зеленски ги повика Украинците да ја задржат издржливоста, единството и силата и изрази уверување дека украинските команданти и војници знаат што да прават.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Регионална депонија во Свети Николе: Зошто да биде европска кога може да е дива

Шеснаесет нестандардни општински и десетици диви депонии, полни со секаков отпад, без никаква ограда или заштита, расфрлани речиси до секое населено место, во реките, покрај нивите и патиштата или...