fbpx

Повторно машини на автопатот Петровец-Катланово, обновата ќе заврши годинава

Премиерот Ковачевски изрази надеж дека градежните работи на делницата, која е предвидено да се заврши до крајот на годинава, ќе биде брзо реализирана

-

Обновата на автопатот Петровец-Катланово продолжи по неколкумесечна пауза. Нов изведувач за довршување на делницата, чија реконструкција започна во септември 2020 година, е турската компанија „Макимсан“. Најновото владино ветување е дека високофреквентната делница меѓу Скопје и Велес ќе биде готова до крајот на годинава.

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, денеска беа на увид во градежните работи за рехабилитација на делницата Петровец-Катланово.

Вкупната должина на рехабилитацијата со проширување на автопатот А1, делница Петровец – Катланово изнесува 10,7 километри, а инвестицијата е во висина од 6,3 милиони евра.

„Денеска сме повторно на терен, овој пат на увид во градежните активности на автопатската делница Петровец – Катланово. Од она што денеска можам да го видам овде на терен, се радувам и драго ми е што градежните работи добиваат на интензитет и што добив уверување дека изведувачот ќе стори се што е во негова моќ за забрзување на изведбата на оваа делница“, потенцираше премиерот Ковачевски, апелирајќи да се забрза динамиката на реализација.

Премиерот Ковачевски изрази надеж дека градежните работи на делницата, која е предвидено да се заврши до крајот на годинава, ќе биде брзо реализирана.

„Се надевам и укажувам градежните работи за рехабилитација со проширување на двете ленти од коловозот на оваа автопатска делница да се реализираат уште пред предвидениот рок и со забрзана динамика најдоцна до декември годинава, како што е предвидено“, рече премиерот Ковачевски.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми потенцираше и дека работат на други проекти долж Коридорот 10. Тој рече дека годинава почнуваат со рехабилитација на најоштетените делови на автопатот А1 во делот кај Неготино.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...