fbpx

Драчево и околните села од вчера се без вода за пиење поради пукната цевка

-

Драчево, Усје, Батинци, Долно Лисиче, Студеничани и Моране од вчера се без вода за пиење поради пукната водоводна цевка на булеварот „Борис Трајковски“. Од ЈП „Водовод и канализација“-Скопје велат дека настанал дефект на цевка со профил Ф600, поради што дошло до прекин на водата за приградските населби од овој дел на Скопје.

„При санацијата на дефектот, беа откриени уште неколку дефекти на спојните делови на цевката, а како резултат на сложеноста на теренот каде се работи и видот на дефектите, санацијата продолжи во текот на целата вечер и денешниот ден. Во моментот екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје го санираат четвртиот дефект и ќе останат на терен, се до целосно отстранување на истиот“, се наведува во соопштението на ЈП „Водовод и канализација“.

Поради тоа што немаат вода за пиење, ЈП „Водовод и канализација“ за граѓаните обезбедило две цистерни со питка вода и две цистерни со техничка вода кои кружат низ населените места Драчево, Усје, Батинци, Долно Лисиче, Студеничани и Моране. Цистерните ќе циркулираат низ населените места до моментот на надминување на дефектот, информираат од скопското јавно претпријатие.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До 11 часот поголем број на гласачи на парламентарните, отколку на претседателските избори

Поголем број на граѓани до 11 часот гласале на парламентарните, отколку на претседателските избори. Според податоците од Државната изборна комисија, 13,69 отсто гласачи гласале за избор на пратеници, додека...