сабота, 7 март, 2026
Meta.mk

Ознака: дефект | 48 резултати

Започна операцијата на Водовод и канализација – голем дел од Скопје остана без вода

21 декември 2024

Започна акцијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје за санирање на дефектот во Карпош 4 на улица „Никола Парапунов“ каде веќе 20-ина дена течат стотици кубни метри питка вода од доводот директно во канализација. Поради тоа, од Водовод и Градот Скопје морале да го сопрат едниот од двата главни градски вентили и најголемиот дел […]

Скопски „Водовод“: Поправката на дефектот се очекува да трае до 15 часа

20 декември 2024

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје претпладнево го испрати првото соопштение со детали за најавената санација на дефектите во градскиот водовод. Од претпријатието велат дека во текот на утрешниот ден се предвидени активности за санација на „децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод“. Додаваат оти е изготвен оперативен план со кој се предвидува прецизна […]

Трговците со најголема корист од неизвесноста околу прекинот на водоснабдувањето во Скопје

19 декември 2024

Во очекување на најавеното затворање на главниот довод на вода овој викенд, како и во недостиг на прецизни информации околу целиот случај, скопјани деновиве панично купуваат флаширана вода за пиење. Тоа се случува во услови кога точно две недели стотици метри кубни вода секојдневно се излеваат од дефектот на улица „Никола Парапунов“ во Карпош 4 […]

Молк во Град Скопје и „Водовод и канализација“ за исклучувањето на водата, во болниците ќе се оперираат само итните пациенти

19 декември 2024

По најавите дека во сабота главниот град ќе остане без вода, надлежните во град Скопје, односно во јавното претпријатие „Водовод и канализација“, не одговараат на прашањата на Мета.мк кои многумина си ги поставуваат – колкав период ќе нема вода, како и кои точно интервенции ќе се прават во водоводната мрежа. Граѓаните во паника купуваат вода […]

Во сабота цело Скопје ќе остане без вода за да се санира дефектот во Карпош 4

16 декември 2024

Дванаесетти ден по ред, во населбата Карпош 4 истекуваат стотици кубици питка вода поради дефект на улицата „Никола Парапунов“. Дефектот е на само неколку метри од објект токму на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. За да се санира, од претпријатието велат дека треба да се исклучи водата за целиот главен град и тоа […]

Шест дена „извира“ вода од пукната цевка на улица „Никола Парапунов“

11 декември 2024

Поплавени улици и тротоари, поплавени зелени површини, смет кој плива во вода. Ваква е сликата веќе шест дена во скопската населба Карпош 4 на улицата „Никола Парапунов“, каде што се случил дефект со водоводните цевки. Среде улица „извира“ вода со денови, а местото е заградено и обележано за да внимаваат возачите кога минуваат низ овој […]

Поради дефект, без вода останаа повеќе скопски населби

16 декември 2023

Поради дефект во Општина Центар оставени се без вода дел од Крњево, Керамидница, ТЦ Ист Гејт, Бул.Александар Македонски до бензинската пумпа Лук Оил и Пожарна, додека намален притисок вода има во Маџари и Хиподром. Од ЈП водовод и канализација известуваат дека екипите се излезени на терен со целосна механизација и системски работат на отстранување на […]

Сите институции во зградата на поранешна „Нова Македонија“ три дена дена немаат струја

12 април 2023

Поради посериозен дефект во електричната мрежа, зградата на поранешна „Нова Македонија“ веќе три дена нема струја, потврди ЕВН. Во оваа зграда се сместени повеќе министерства, еден инспекторат, една комисија, една управа, како и неколку државни агенции. Од ЕВН велат дека тие се надлежни за мрежата до броилото, а во зградата имало „внатрешен дефект“ за што […]

Приземјени сите летови во САД поради дефект на системот за контрола на лет

11 јануари 2023

Сите домашни летови во САД беа приземјени неколку часа поради дефект со системот за контрола на летот, јавија светските медиуми. Американската Федерална управа за авијација соопшти дека настанал проблем со системот што ги предупредува пилотите за потенцијални опасности за време на летовите, критичен систем за воздухопловната безбедност. „Гардијан“ јави дека биле одложени повеќе од 2.500 […]

Вработените во РЕК Битола го санираа дефектот, блок 1 ставен во функција

5 јануари 2023

Блок 1 на РЕК Битола попладнево околу 15 часот е ставен во функција, информираа во Електрани на Северна Македонија. Оттаму појаснуваат дека постројката произведува електрична енергија и е синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем. „Благодарание на стручноста и ангажманот на вработените во Термоелектраната, за нецели 24 часа санираните се пукнатите цевки заради кои блокот вчера утрото […]

Општина Карпош ќе излезе на терен, кејот на Вардар ќе биде повторно осветлен

31 мај 2022

На кејот на Вардар во скопската општина Карпош е регистриран дефект на уличното осветлување и поради тоа велосипедската и пешачката патека се неосветлени на потегот од мостот „Обединети Нации“ до мостот кај хотелот „Александар Палас“, информираа денеска за Мета.мк од Општина Карпош. „Екипи на општина Карпош во текот на денот ќе излезат на терен да […]

Драчево и околните села од вчера се без вода за пиење поради пукната цевка

20 мај 2022

Драчево, Усје, Батинци, Долно Лисиче, Студеничани и Моране од вчера се без вода за пиење поради пукната водоводна цевка на булеварот „Борис Трајковски“. Од ЈП „Водовод и канализација“-Скопје велат дека настанал дефект на цевка со профил Ф600, поради што дошло до прекин на водата за приградските населби од овој дел на Скопје. „При санацијата на […]

Вистиномер: Не е точно дека новиот водовод во Тетово носи повеќе штета, отколку корист

5 јануари 2022

Во продолжение ја пренесуваме анализата на „Вистиномер“ на изјавата на тетовскиот градоначалник за новиот водовод во Тетово: Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, пред медиумите даде невистината изјава во која вели дека проектот за Лешнички водовод е катастрофален и носи повеќе штета, отколку корист. Ми приложија од ЈКП дека се осум проблематични точки на целиот […]

Снабдувањето со струја нормализирано во југозападниот дел од земјава

11 декември 2021

Неколку часа откако југозападниот дел на земјава се соочи со прекин во снабдувањето со електрична енергија, МЕПСО успеа да ги санира дефектите на двата далноводи кои испорачуваат струја на Дебар, Кичево, Струга, Охрид, Ресен и околните населени места. Од МЕПСО велат дека причина за прекин во снабдувањето со електрична енергија биле обилните врнежи од снег, […]

ЕСМ: Неофицијално, причина за пожарот во РЕК Битола е висок напон

12 ноември 2021

Стручни лица од РЕК Битола, со поддршка на колеги од МЕПСО и ЕВН Македонија, како и експерти од Техничките факултети во Битола и Скопје, интензивно работат на оспособување на трансформаторот на Блок 3 на РЕК Битола кој беше оштетен во пожарот минатиот петок, соопшти АД ЕСМ. Првичните, неофицијални наоди говорат дека пожарот го предизвикал висок […]

ЕСМ: РЕК Битола 1 исклучен поради скината цевка, се очекува денеска да проработи

8 ноември 2021

АД ЕСМ соопшти дека првиот блок на РЕК Битола денеска бил плански исклучен поради скината цевка, а со очекува повторно да биде ставен во функција вечерва по отстранувањето на проблемот. Инаку, Блок 2 на РЕК Битола е во ремонт, а Блок 3 е исто така вон функција, поради минатонеделниот пожар на неговиот трансформатор. Сепак, се […]

Голем број населби во северниот дел на Скопје утре без вода

17 август 2021

Голем број населби во северниот дел на Скопје утре ќе бидат без вода, поради интервенција за отстранување дефект, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Поради интервенција на затворач Ф500мм на крстосницата на ул.Цветан Димов и ул.Џон Кенеди, водата ќе биде сопрена утре во 8 часот. Поради тоа без вода, сè до успешното отстранување на […]

Саниран дефектот поради кој половина Скопје остана без вода

20 октомври 2020

ЈП „Водовод и канализација“-Скопје информира дека дефектот на булевар Кочо Рацин, спроти Олимписки базен, за чие отстранување се затвори цевка од ф1400мм, е саниран а граѓаните имаат нормализирано водоснабдување. Од таму додаваат дека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, непрекинато работеле на отстранување на овој дефект и во рекордно време го отстраниле истиот. […]

Голем дефект на водоводната мрежа во Скопје: Половина град ќе остане без вода

19 октомври 2020

ЈП „Водовод и канализација“, Скопје информира дека како разултат на голем дефект на бул. Кочо Рацин, спроти Олимписки базен, голем дел од корисниците од град Скопје ќе имаат прекинато водоснадување или намален притисок. „Имено станува збор за дефект на ф500мм за чие санирање има потреба да се затвори цевка од ф1400мм, а со тоа голем […]

Железница мака мачи со сервисирањето на кинеските возови, возниот ред едвај се одржува

25 септември 2020

И покрај тоа што летово не сообраќаа брзиот воз Скопје-Приштина-Скопје и експресните возови за Белград и Солун, Железници на РСМ-Транспорт едвај го одржува актуелниот возен ред со само 15 предвидени поаѓања на возови дневно од скопската железничка станица. Изминатово лето 40 дена не сообраќаше патничкиот воз меѓу Скопје и Кочани поради поправка на расипаната локомотива […]

Страна 1 од 3