Приземјени сите летови во САД поради дефект на системот за контрола на лет

-

Сите домашни летови во САД беа приземјени неколку часа поради дефект со системот за контрола на летот, јавија светските медиуми.

Американската Федерална управа за авијација соопшти дека настанал проблем со системот што ги предупредува пилотите за потенцијални опасности за време на летовите, критичен систем за воздухопловната безбедност.

„Гардијан“ јави дека биле одложени повеќе од 2.500 летови во, кон или надвор од САД според интернет-страницата „FlightAware“.

Според Би-би-си, за случајот бил информиран и американскиот претседател Џо Бајден, а Белата куќа соопшти дека досега нема докази за сајбер напад. Бајден повика на целосна истрага за причините за дефектот.

Најголемиот превозник „Американ ерлајнс“ соопшти дека прекинот ги погодил сите летови, вклучително и сите превозници. „Јунајтед ерлајнс“, пак, информираше дека ги одложува сите домашни летови додека не добијат повеќе информации од управата за авијација.

По неколку часа, управата ја укина својата наредба за запирање на сите полетувања за домашни летови, откако го обнови системот што им обезбедува на пилотите безбедносни известувања пред летот.

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Скулптурата „Отровни стрели“ поставена на скверот кај Порта Буњаковец

На скверот кај Ким во Порта Буњаковец, во центарот на Скопје, поставена е впечатлива уметничка инсталација, насловена „Отровни стрели“. Идејата за оваа скулптур, која го претставува говорот на омраза како невидливо,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени...