fbpx
Таг: дефект

таг: дефект

Две лица починале во расипано возило на брза помош

Две лица од Крива Паланка со брза помош биле испратени во Ургентниот центар во Скопје денеска, но возилото се расипало и тие починале додека се отстранувал дефектот, некаде пред скопска патарина. Таа информација вечерва по електронска пошта беше испратена до голем број новинари и редакции. „Мета“ се обиде да ги потврди овие наводи, но на телефонската централа на Здравствен дом Крива...

БЕГ целосно го санираше дефектот што вчера без парно ги остави Центар и Карпош

Целосно е отстранет дефектот што предизвика прекин на испорака на топлинска енергија за потрошувачите од централното градско подрачје и од делови на општина Карпош, информираат од „Балкан енерџи“. „Откако беше нормализирана испораката на топлинска енергија во текот на вчерашниот ден, за потрошувачите од централното градско подрачје и од делови на општината Карпош, целосно е отстранет и дефектот кој предизвика прекин на...

БЕГ: Нормализирана испораката на топлинска енергија, но уште се работи на дефектот

Eкипите на „Балкан енерџи“ вечерва ја нормализирале испораката на топлинска енергија за потрошувачите во централното градско подрачје и во делови од општина Карпош, но сè уште работат на целосно санирање на дефектот, соопштија вечерва од компанијата. Оттаму велат дека потрошувачите од овие делови на Скопје постепено, во текот на вечерта, добиваат нормална испорака на топлинска енергија. „Имајќи предвид дека се работи...

„Балкан енерџи“: Работиме на дефектот, не се знае кога граѓаните ќе добијат парно

Екипите на „Балкан енерџи“ веќе се на терен и интензиво работат на санација на дефектот заради редовна испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи, информираат од компанијата. - Поради големината на дефектот, во овој момент невозможно е да се даде прецизна проценка кога тој ќе биде отстранет, но се прават напори редовното снабдување со топлина до сите потрошувачи да биде воспоставено...

Пукната цевка ги остави граѓаните од „Топлана Исток“ до Порта Влае без греење

Граѓаните што живеат на потегот од „Топлана Исток“ до Порта Влае се без парно греење од 13.20 часот, информира Регионалниот центар за управување со кризи. Повикувајќи се на информација од „Балкан енерџи груп“, причината е голем губиток на вода во мрежата. Од фирмата додаваат и дека во моментот се трага по местото на дефектот.

Гласањето во Теарце 15 минути прекинато поради дефект на УВ-ламбата

Неколку минути пред 9 часот прекинато беше гласањето на избирачкото место 2011 во Теарце бидејќи не работела УВ-ламбата со која се проверува дали гласачот претходно гласал на друго место. Избирачкиот одбор констатираше дека треба да се прекине гласањето на еден час, но по 15 минути, гласањето продолжи нормално откако УВ-ламбата проработела. - Во 8.30 часот имавме мал проблем со УВ-ламбите. Гласањето...

Дел од тетовските населби втор ден немаат вода за пиење

Поради дефект во водоснабдителниот систем, дел од населбите во Тетово веќе втор ден немаат вода. Како што информираат од Јавното комунално претпријатие Тетово, дефектот настанал при изградба на атмосферска канализација. Оттаму посочуваат дека прекините во водоснабдувањето ќе траат уште четири дена. - Се работи за поголем дефект и додека се острани, апелираме граѓаните кои се соочуваат со недостиг од вода, да...

Лани Груевски, денеска Иванов останаа без превоз поради дефект на владиниот „лирџет“

Претседателот Ѓорге Иванов денеска од Сараево до бугарската престолнина Софија ќе лета со комерцијален лет бидејќи кај владиниот авион од типот „лирџет 60“ бил констатиран дефект, потврдиле за „Телма“ од Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата. Како што информирале оттаму, дефектот бил констатиран утрово во 9 часот при редовнот преглед на системот на авионот при што било...

Куна го остави половина Скопје без струја

Заталкана куна била причината за дефект на трафостаницата во Козле, поради што населбите Козле, Водно, Карпош и дел од Тафталиџе синоќа останаа без струја, информираат од ЕВН. Од компанијата објаснуваат дека реагирале итно, по што бил спречен поголем дефект. - Станува збор за дефект на трафостаницата во Козле, од каде се напојуваат овие делови на градот. По речиси двочасовна интервенција, дефектот беше отстранет - изјави портпаролот на ЕВН,...

Вчера низ земјава минале 887 мигранти, затворањето на границата и понатаму нејасно

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за признавање на правото на азил на вкупно 887 мигранти, за разлика од претходниот ден, кога не беше издадена ниту една потврда поради затворањето на границата. Според државјанството, најбројни се мигрантите од Авганистан, односно 397, од Сирија 358 и од Ирак 132 лица. Од почетокот на оваа година заклучно...

Словенија демантира: Немаше дефект на железницата и не сме барале од Македонија да ја затвори границата

Словенија денеска ги демантира информациите дека побарала Македонија да ја затвори јужната граница за влез на мигранти поради дефект на железничката мрежа и истакнува дека железничкиот сообраќај во земјата изминатите денови се одвивал непрекинато. „Република Словенија не побарала од Република Македонија да ја затвори границата со Грција. Индикациите дека сме го направиле тоа поради тешкотии во словенечката железничка мрежа, се погрешни. Железничкиот...

Поради дефект на словенечката железница, затворена неутралната зона кај Идомени

Дефект на железничката инфраструктура во Словенија е причината за затворењето на неутралната зона за премин на мигранти, меѓу Грција и Макединија, во реонот на граничниот премин Идомени, велат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи. - Бевме известени од другите земји од т.н. западно-балканска рута да го редуцираме бројот на мигранти поради дефект на железничката пруга во Словенија. Ние добивме...

Дефект во белгиската нуклеарна централа Доел

Еден од четирите реактори на нуклеарната централа Доел во Белгија денеска е изгаснат поради протекување топла вода, соопшти компанијата „Електрабел“, која управува со постројката. Протекувањето се случило во делот на генераторот за пареа, кој е одвоен од реакторот. Атомската централа Доел 3 се наоѓа северно од Антверп. Реакторот е исклучен неколку дена откако продолжи да работи по речиси двегодишна пауза поради...

Авион на „Ер Франс“ принудно слета во Русија

Авион од типот „боинг 777“ на француската компанија „Ер Франс“, кој летал од Токио за Париз, поради дефект на моторот, принудно следат во Кабаровск, руски град на Далечниот Исток. Портпаролката на аеродромот во Кабаровск, Наталија Цветкова, соопшти дека при слетувањето никој не е повреден. - Авионот на „Ер Франс“, на летот број 275, кој летал од Токио за Париз, безбедно слетал...

Авионот на Груевски принудно слетал во Цирих

Владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски, која се враќала од Стразбур, принудно слетала во Цирих, јавува „Телма“. - Според првичните информации, можам да потврдам дека при враќањето од Стразбур, се случил дефект во летот на владиниот авион, во кој бил и премиерот Груевски со своите соработници, по што авионот принудно слетал во Цирих. Според информациите што ги имам, присутни во...

Преполовена е испораката на руска нафта за Европа

Преполовена е испораката на нафта од Русија до Европа преку нафтоводот „Дружба“ поради дефект во Белорусија, соопшти „Транснеф“. Испораката на нафта се очекува целосно да биде вратена во нормала до вечерва. Од „Транснеф“ соопштуваат дека поради дефектот на нафтоводот „Друѓба“, априлската испораката на нафта за Европа веројатно нема да биде целосно спроведена, но наведуваат дека тоа ќе се надомести во мај.

Авионот на Николиќ откажал над Јадранот

Авионот со кој претседателот на Србија, Томислав Николиќ, утрово полета за Ватикан, принудно се вратил на белградскиот аеродром поради дефект на едниот мотор, а посетата на Светиот стол е откажана. Неофицијално, моторот на авионот „фалкон“ престанал да работи над Јадранско Море. Леталото, кое се наоѓало на висина од 10.000 метри, почнално да паѓа околу два километри, но искусниот пилот успеал да ја...

Дефектот во украинската нуклеарна централа не е закана за регионот

Украинските власти синоќа соопштија дека минатата недела се случил инцидент во нуклеарната централа „Запорижја“, на југоистокот на земјата, но дека тоа не претставува никаква закана за емисија на радиоактивни материи, како ни за сигурноста на регионот. - Не постои никаква опасност. Инцидентот се случил во третиот реактор на нуклеарната централа „Запорижја“, во системот за излез на електрична енергија, но не...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...