Фото: ЈП Водовод и канализација Скопје

Голем број населби во северниот дел на Скопје утре ќе бидат без вода, поради интервенција за отстранување дефект, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Поради интервенција на затворач Ф500мм на крстосницата на ул.Цветан Димов и ул.Џон Кенеди, водата ќе биде сопрена утре во 8 часот.

Поради тоа без вода, сè до успешното отстранување на дефектот, без вода ќе бидат цела општина Чаир со Топанско Поле, Скопје Север и Бутел 2, како и населбите Железара и Автокоманда. Без вода ќе останат и Гинекологија Чаир,
Поликлиника Железара и Ремедика.