Поради дефект, без вода останаа повеќе скопски населби

Моментално нема точно предвидено време за расчистување на проблемот, но екипите ќе останат на терен до целосно отстранување на дефектот и нормализирање на водоснабдувањето во сите деловите каде е прекинато

Фото: ЈП Водовод и канализација - Скопје

Поради дефект во Општина Центар оставени се без вода дел од Крњево, Керамидница, ТЦ Ист Гејт, Бул.Александар Македонски до бензинската пумпа Лук Оил и Пожарна, додека намален притисок вода има во Маџари и Хиподром.

Од ЈП водовод и канализација известуваат дека екипите се излезени на терен со целосна механизација и системски работат на отстранување на дефекот. Моментално нема точно предвидено време за расчистување на проблемот, но екипите ќе останат на терен до целосно отстранување на дефектот и нормализирање на водоснабдувањето во сите деловите каде е прекинато.

Причина за немањети вода е голем дефект на водоводна цевка кај МКЦ која предизвика и локална поплава.

Цистерна со питка вода е подготвена и ќе гравитира низ населените места со прекин на водоснабдувањето врз основа на потребите на граѓаните и нивните барања упатени до Дежурно Информативниот Центар на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

За дополнителни информации граѓаните може да се обратат на телефонскиот број 02 3073 010.