fbpx

Со дополнителни 800 милиони денари ќе се заврши првата фаза за водоснабдување преку Злетовица

Завршува првата фаза од проектот за водоснабдување преку хидросистемот Злетовица, обезбедувајќи чиста вода за пиење за општините Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово, соопшти министерот Љупчо Николовски

-

Завршува првата фаза од проектот за водоснабдување преку хидросистемот Злетовица, обезбедувајќи чиста вода за пиење за општините Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Тој, заедно со раководителот на Управата за водостопанство, Исни Јакупи и градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов извршија увид на распределениот цевковод кој води од изградената филтер станица директно до населените места, како и изградбата на пристапниот пат до изградената филтер станица.

„Станува збор за значајна инвестиција вредна 60 милиони денари финансирана со средства на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, која е дел од првата фаза на проектот за водоснабдување преку хидросистемот Злетовица, проект преку кој се обезбедува чиста вода за пиење за општините Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово. Преку оваа инвестиција која е од капитално значење го подобруваме квалитетот на живеење во општина Карбинци и осум околни села. После општина Штип, и општина Карбинци добива квалитетна вода за пиење со модерна ултрафилтрација за прочистување“, рече Николовски.

Тој потсети дека пред неполн месец на владина седница поминала Информацијата со која се обезбедени дополнителни 800 милиони денари за комплетирање на првата фаза од овој значаен проект. Овие пари ќе бидат распределени во следните три буџетски години за целосно довршување на започнатите планирани активности, во рамки на потпрограмата 6А за хидросистемот Злетовица.

„Се реализираат клучни капитални проекти, како што се изградбата на Браната Конско која е во завршана фаза, потоа главен цевковод Равен Речица на кој интензивно се работи и очекуваме во брз временски рок негово финализирање. Посветено инвестираме во изградба на мрежи за наводнување важни за земјоделското производство“, рече Николовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ФЗО протестираат – бараат повисоки плати и разрешување на управниот одбор

Вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денес протестираат со три барања, потврди претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски. Нивните...