Почна да се полни вештачкото езеро кај село Конско, градежните работи при крај

Преку нов систем за наводнување и вештачко езеро, со браната Конско за 5 пати се зголемува наводнувањето на земјоделските површини, со капацитет за наводнување на 8.000 хектари плодно земјиште

-

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во извршија увид на завршите активности од изградбата на најзначајниот и најголем водоснабдителен проект – браната Конско, која се наоѓа до селото Конско на планината Кожув.

Ова е инвестиција на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство која вреди 40 милиони евра и е најголем капитален водостопански објект во последните 50 години, се вели во соопштението.

„Градежните активности се во завршна фаза и согласно динамиката треба да завршат до крајот на овој месец, по што би следувале тестирањата на системите и потоа официјалното пуштање во употреба на овој важен проект. Изградбата на браната Конско е важен проект во развојот на македонското земјоделство, во наводнувањето на земјоделските површини, но важна и за развој на туризмот и јакнењето на економијата во целиот регион“, велат од Владата.

Преку нов систем за наводнување и вештачко езеро, со браната Конско за 5 пати ќе се зголеми наводнувањето на земјоделските површини, со капацитет за 8.000 хектари плодно земјиште. Во целост се обезбедува потребната вода за наводнување на земјоделските површини во текот на целата година за 6.500 хектари земјоделско земјиште во јужниот дел од државата.

„За мене лично овој проект остава личен и историски белег. Започнавме со градба во 2018 година, поставувајќи го камен темелот и еве денес до финална реализација на овој проект во 2023 година. Бенефитите од изградбата на браната Конско, покрај развој и наводнување на земјоделското земјиште, се многубројни за сите граѓани од овој регион. Па така оваа брана обезбедува редовно снабдување со квалитетна вода за пиење, потоа во производството на електрична енергија. Но она што е и можеби најзначајно е обезбедувањето на вода и редовен торур за дотур на Дојранското Езеро”, истакна министерот Николовски.

Овој голем капитален проект го поттикнува развојот на земјоделството, влијае врз развојот на економијата во Општина Гевгелија, и унапредувањето на здравјето и квалитетот на живот на граѓаните од целиот овој регион, се вели во соопштението.

„Со доаѓањето на оваа Влада во 2017 година една од нашите главни заложби беше да создадеме конкурентно земјоделство, кое ќе резултира со зголемување на производството на храна, а тоа пак ќе има импакт и врз регионалниот економски развој кој Владата го стимулира и преку финансиска поддршка на новите инвестиции”, истакна заменик претседателот Битиќи.

Инаку, Битиќи и Николовски денеска во Гевгелија ја посетија и винаријата „Јостела“, која е меѓу првите мали семејни винарии во државата што постои од 2005 година. Сместена е на убаво место кон ски-центарот Кожуф, а до неа се и фамилијарните лозови насади. Сопственик е Венера Гелебешева-Крстиќ, која по професија е енолог и која целиот свој живот го посветила на лозарството и овоштарството кое за неа е животна пасија, љубов и начин на живеење.

Битиќи и Николовски ја посетија и винаријата „Јостела“ на Кожув планина. Фото: Влада на РСМ

Како Влада и Министерство даваме силна поддршка за развој на малите семејни винарии со грантови од 10.000 евра. Секторите лозарство и винарство, за нас, се едни од најзначајните сектори. Нашата посветеност во развојот на овие два важни сектори, овие изминати седум години, сме ја докажале преку креирање на конкретни мерки и политики за поддршка и развој на лозарството и винската индустрија, но и преку вложувањето, во силна меѓународна промоција на нашето македонско вино.

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...