fbpx

Николовски не гледа причина за поскапување на лебот

„Мелничката индустрија годинава набави количини по преполовени цени, по 11 денари за килограм. Стабилизиран е пазарот со електричната енергија. Треба да одговорат зошто некој би побарал повисока цена на грбот на граѓаните при намалени трошоци за производство“, изјави министерот Николовски.

-

Владата на денешната седница донесе одлука за нова финансиска поддршка од 3 денари по килограм на производителите на пченица и јачмен, а помош ќе добијат и производителите на домати и краставици. Притоа, министерот за земјоделство Љупчо Николовски изјави дека пазарот е стабилен и не постои ниту една причина зошто мелничката индустрија би барала повисоки цени на лебот, во услови кога количините на жито лани ги набавиле по преполовена цена.

„Ние лани немавме поддршка за откуп на пченицата, а немаше зголемување на цените на лебот и покрај цената од 22 денари за килограм откуп. Мелничката индустрија годинава набави количини по преполовени цени, по 11 денари за килограм. Стабилизиран е пазарот со електричната енергија. Треба да одговорат зошто некој би побарал повисока цена на грбот на граѓаните при намалени трошоци за производство“, изјави министерот Николовски како одговор на најавите на претставници од мелничката индустрија за поскапување на цената на лебот есенва.

Од владата информираат дека на денешната седница донеле Програма за дополнување на Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2023 година, со цел финансиска поддршка на производителите на пченица и јачмен, како и на одгледувачите на домати и краставици.

„Во Програмата се додадени три нови подмерки со што се обезбедува: финансиска поддршка од 3 денари по килограм за остварено и продадено или складирано производство на пченица; финансиска поддршка за произведен домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација на пченица и јачмен од 3 денари по килограм – за произведени пченица или јачмен од прва и втора генерација за реколта 2023 година, како и финансиска поддршка за продадени количини на домат и краставица произведени под контролирани услови – од 35 денари по килограм домат што е произведен и продаден во периодот од 5 април до 31 мај 2023 година и 30 денари по килограм за краставица којашто е произведена и продадена во периодот од 5 април до 15 мај 2023 година“, се наведува во владиното соопштение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...