Водата во Рашче е чиста, тврди Државниот инспекторат за животна средина по извршениот надзор

Во вонредниот надзор што бил направен вчера, инспекторите за животна средина констатирале дека нема никакво загадување на водата за пиење со загадувачки материи

Фото: ДИЖС

Нема загадување на водата за пиење во водснабдителниот систем Рашче што го снабдува со чиста вода градот Скопје, констатирал Државниот инспекторат за животна средина. Во вонредниот надзор што бил направен вчера, инспекторите за животна средина констатирале дека нема никакво загадување на водата за пиење со загадувачки материи и информираат дека изворот Рашче граѓаните на Скопје ги снабдува преку затворен систем на метални цевки.

Фото: ДИЖС

Во комуникација со ЈП „Водовод и канализација“ беше констатирано дека фекалните отпадни води од селата Рашче и Копаница немат потенцијал директно да влијаат врз водоснабдителниот систем за снабдување со вода на Градот Скопје. Тоа се потврдува и со извештаите од континуираниот мониторинг што Водовод го врши со сопствената акредитирана лабораторија. Хемиската и биолошката анализа на водата за пиење од примероците земени на три локации во Рашче, Рашче и Кондово, според Уредбата за класификација на водите бр.18/99 покажува дека исптитуваните примероци припаѓаат на прва класа“, информираат од ДИЖС.