петок, 14 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: водоводна мрежа | 22 резултати

Загубите на вода за пиење во водоводните системи низ земјава лани биле намалени за 2,7 отсто [инфографик]

3 мај 2021

Процентот на неприходувана вода во водоводните системи низ земјава лани бил намален за 2,7 отсто. Расте свесноста на јавните комунални претпријатија низ земјава за важноста да се намалат загубите на вода за пиење, кои во 2018 година изнесуваа 67,55 отсто, додека во 2020 година се намалени на 61,94 отсто, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за […]

Загубите на вода за пиење во скопскиот водоводен систем лани изнесувале 60,46 отсто [инфографик]

28 април 2021

Процентот на неприходувана вода за пиење во главниот град останува горлив проблем, кој не бил надминат лани. Во 2020 година била евидентирана загуба на вода во скопскиот водоводен систем од 60,46 отсто, што претставува минимално намалување во споредба со 2019 година, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. „Согласно податоците на ЈП […]

Загуби на вода за пиење – дел од општините молчат, дел се свесни за огромните загуби што се прават во системите

9 март 2021

Општините со најголеми загуби на вода за пиење во водоводните системи во Северна Македонија не се премногу расположени да зборуваат за огромниот проблем што го имаат во нивната инфраструктурна мрежа. Од седумте општини за кои Државниот завод за ревизија објави дека во 2019 година имале најголем процент на загуби на питка вода, „Мета.мк“ во два […]

Порталб: Општина Чаир започна со изградба на водоводната и канализационата мрежа во Серава

12 декември 2020

Општина Чаир започна со изградба на водоводната и канализационата мрежа во населбата Серава. Од ова општина за „Порталб.мк“ рекоа дека во моментов се одвиваат работи во две улици, а се обезбедени средства и за другите улици. „Ве известуваме дека процесот на регулирање на водоводната и канализационата мрежа во населбата Серава веќе е започната и во […]

Вчерашниот дефект во скопскиот водовод доаѓа неколку дена по критиките од ЕУ за загубите на вода во земјава

20 октомври 2020

Вчерашниот дефект на затворачот на водоводна цевка со дијаметар ф500мм на булеварот Кочо Рацин во центарот на Скопје повторно го отвори прашањето за тоа во каква состојба се наоѓа водоводната мрежа во нашите градови. Дотраените цевки стари по неколку децении, дивата потрошувачка на вода од несовесните граѓани, отсуството на прецизно мерење на потрошувачката на вода […]

Општини како Тетово и Неготино и во 2020 година со часови имаат рестрикции на вода за пиење (видео)

28 август 2020

Процентот на неприходувана вода во водоводните системи во земјава лани изнесувал дури 64,64 отсто од вкупното количество произведена вода за пиење. Додека во некои општини, како што е случајот со Скопје, милиони кубни метри вода се губат во дотраените водоводни цевки и диви приклучоци, одредени општини во земјава имаат недостигна питка вода и рестрикции во […]

Водовод и канализација – Скопје започнува кампања за пријавување на дивите приклучоци на вода

28 јули 2020

ЈП Водовод и канализација – Скопје започнува кампања со цел подигнување на јавната свест за заштита на водоснабдителниот и канализацискиот систем под мотото „Биди одговорен, однесувај се совесно“. За да се заштити системот за водоснабдување во Скопје, граѓаните кои имаат информација за злоупотреба на водоводниот систем преку диви приклучоци, можат да пријават на телефонот 02 […]

Акција за исклучување диви приклучоци на вода во скопски Сарај, Глумово и Шишево

5 јули 2020

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје со цел заштита на системот за водоснабдување спроведе акции за исклучување на диви приклучоци во скопските села Глумово, Шишево и Сарај. Против сите иматели на див приклучок на вода, поднесени се прекршочни пријави. „Дивите приклучоци се забранети со Закон (Закон за водоснадбување, член 23) и истите се утврдуваат […]

Загубите на вода во водоводните системи лани биле намалени, но далеку од потребното ниво (инфографик)

19 јуни 2020

Водоводните претпријатија лани успеале да го намалат нивото на неприходувана вода на национално ниво за приближно 3 отсто, но тоа е далеку од прифатливите меѓународни стандарди за процентот на загуби на вода за пиење во водоводните системи. Од 271.262.710 метри кубни вода, колку што била произведена од водоводните системи во земјава лани, дури 175.349.029 метри […]

Инвестирањето во намалување на загубите на води е до 40 пати поевтино од барањето нови извори (инфографик)

5 мај 2020

Македонија е една од земјите во кои најголем потрошувач на водата за пиење се самите системи за снабдување со вода на општинските јавни претпријатија. Со дотраените цевки од кои протекува вода, неконтролирањето на дивите потрошувачи на вода, непоставените мерачи за потрошена вода и неутврдениот начин на контрола на питката вода што се троши за полевање […]

Загубите на вода во скопскиот водоводен систем лани биле минимално намалени (инфографик)

17 април 2020

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ од Скопје лани успеало само минимално да го намали годишниот процент на неприходувана вода. За една година, нефактурираната вода во скопскиот водоводен систем опаднала за само 0,55 отсто, и тоа од 62,93 отсто на 62,38 отсто. Генерално земено, екипите на ова јавно претпријатие успеале да ги намалат физичките губитоци на […]

Вода за пиење ќе имаме сѐ помалку ако не ги намалиме губитоците (инфографик)

16 април 2020

Дури 93 отсто од македонските домаќинства имаат пристап до вода за пиење од водовод. Водата за пиење во нашата земја се смета за универзално загарантирано право кое треба да биде достапно за сите, по што е можно пониска цена. Граѓаните негодуваат пред секое зголемување на сметките за вода, исто како и во моментите кога мора […]

Дупките во цевките трошат најголем дел од водата за пиење во Македонија (инфографик)

27 март 2020

Одредени делови од Македонија ќе се соочат со недостиг на вода за пиење, доколку во наредниот период не се одвојат позначителни средства за реконструкција и надградба на водоводните системи низ општините. Актуелните податоци покажуваат дека најголем потрошувач на вода за пиење во национално ниво е токму неприходуваната вода, во која што категорија спаѓаат физичките губитоци […]

Неопходни се сериозни инвестиции за да се намалат загубите на вода за пиење

24 март 2020

Водоводните системи низ македонските општини се стари по неколку децении и во моментов им се неопходни сериозни инвестиции за да ги намалат загубите на вода за пиење. Податоците за 2018 година на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) покажуваат дека процентот на неприходувана вода изнесувал помеѓу 32 и 78 отсто на годишно ниво […]

Низ старите цевки и со дивите приклучоци губиме една третина од водата за пиење во Скопје (инфографик)

5 март 2020

Околу една третина од вкупните количества вода за пиење што во 2018 година влегле во цевките од скопскиот водоводен систем се фактурирани како губитоци на вода, покажува Годишниот извештај од работењето на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Во водоводниот систем на главниот град исчезнале 34.158.252 метри кубни вода, што е повеќе од вкупните количества […]

Од утре до недела затворена улицата 23 Октомври

19 јули 2018

Град Скопје соопштува дека од утре до недела ќе биде затворен за сообраќај кракот од улицата 23 Октомври (поранешна Владимир Комаров) до крстосницата со улицата Ѓуро Ѓоновиќ, односно на потегот кој минува под Транспортен центар. На таа локација ќе се вршат работи за изведба на нова фекална канализација и реконструкција на водоводната мрежа.

Сугарески најави изградба на водоводни и канализациски мрежи во 20 општини

25 септември 2017

Инвестиции од 20 милиони евра за нови водоводни и канализациски мрежи во 20 општини најави денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. Рече дека акцентот ќе се стави на руралните општини, а целта е од сегашните 18 отсто, покриеноста со такви мрежи да се искачи на 40 отсто. – Со оваа нова инвестиција на […]

Ниската температура предизвикува чести дефекти во водоводната мрежа во Тетово

21 јануари 2017

Ниската температура во Тетово предизвикува дефекти во градската водоводна мрежа и прекини во водоснабдувањето. Од тетовската работна единица на „Водовод и канализација“ велат дека нивни екипи интервенираат по десетина пати дневно на водоводната мрежа. – Поради ниската температура, дефекти најчесто се јавуваат кај вентилите и кај водомерите, граѓаните реагираат, но што да правиме, не сме […]

Страна 1 од 1