fbpx

Борисов: Ставот на Бугарија за евроатланските интеграции на Македонија е непроменет

-

Бугарскиот премиер Бојко Борисов ја потврди поддршката за Македонија во евроатланските интеграции. Одговарајќи на прашање на поранешниот министер за надворешни работи, Кристијан Вегенин, Борисов истакна дека политиката на бугарската влада кон Македонија останува непроменета.

– Изразивме подготвеност да учествуваме во разговорите и да понудиме експертска помош за конкретни работи поврзани со нашето искуство од процесот на интегрирање во ЕУ и членството во НАТО – рече Борисов пред бугарскиот парламент.
Тој истакна дека Бугарија јасно истакнала дека очекува Македонија целосно да ги исполни критериумите за членство во ЕУ, вклучувајќи ги и добрососедските односи.

Борисов истакна дека Бугарија ќе продолжи да инсистира да се потпише договорот за добрососедство и соработка, додавајќи дека тоа е главен приоритет на неговата влада. Тој истакна дека договорот нема да биде дополнителен услов за Македонија, но оти ќе го направи политичкиот договор правно обврзувачки.

Бугарскиот премиер оцени дека евроинтеграцијата на земјите од регионот ќе помогне во афирмирањето и мирот и стабилноста во Југоисточна Европа, додавајќи дека бугарската влада и понатаму ќе продолжи да ги брани интересите на бугарската заедница во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Мал одѕив на претседателските избори во општините со мнозинство албански гласачи

Големи разлики се гледаат во одѕивот на граѓаните во некои општини на парламентарните и претседателските избори денеска. Во Изборната едница 6, но и во другите општини каде што доминира...