fbpx

Од куќа во Ресенско украден плен вреден еден милион денари

-

Крадец провалил во куќа на 63-годишен жител на ресенското село Николец, од која однел плен чија вредност била проценета на околу еден милион денари, информираат од полицијата.

Кражбата се случила во периодот меѓу 26 ноември лани и 15 јануари годинава, а арамијата со себе однел разновиден златен накит, пари, ловечка пушка „ремингтон“, калибар 12 милиметри, што сопственикот ја поседувал со дозвола, и радиокасетофон, сè со вкупна вредност од околу еден милин денари.

Полицијата засега нема осомниченo лице за кражбата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...