недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: тешкакражба | 45 резултати

Од куќа во Порој украден златен накит вреден 7.000 евра

октомври 19, 2015

Тешка кражба вчера е регистрирана во тетовското село Порој, каде непознат сторител успеал преку отворен прозорец да влезе во куќата на 38-годишен жител на селото. Според полициските информации, крадецот од куќата однел златен накит чија вредност била проценета на околу 427.000 денари или околу 7.000 евра. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување […]

Куферче со пари украдено од стан на скопјанец

октомври 19, 2015

Непознат сторител викендов провалил во стан на 68-годишен скопјанец и украл куферче, во кое имало поголема сума пари и лични документи. Како што информираат од полицијата, кражбата се случила во периодот меѓу петокот и неделата, во стан на улицата Кумровец. Крадецот со погоден алат и со употреба на физичка сила, провалил во станот и го […]

Битолчанец осомничен за тешка кражба

октомври 2, 2015

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднела кривична пријава против 21-годишниот битолчанец Е.М., кој се товари за тешка кражба. Според полицијата, осомничениот кон крајот на јуни, оваа година, провалил во куќа на улицата Јосиф Јосфовски во Ресен, од која украл 47.000 денари.

Ограбен стан во скопски Капиштец

август 10, 2015

Непознат сторител провалил во стан на 41-годишен скопјанец, во населбата Капиштец, од каде украл девизи, денари и златен накит, во вкупна вредност од 470.000 денари, односно околу 7.600 евра. Кражбата, според полициските информации, се случила во периодот меѓу 26 јули и 9 август. Крадецот во станот влегол со употреба на физичка сила и однел 100.000 […]

Од стан во Дебар-маало украден накит вреден 6.000 евра

август 5, 2015

Непознат сторител деновиве провалил во дом на 46-годишен скопјанец и украл плен чија вредност била проценета на околу 360.000 денари, односно околу 6.000 евра. Според полициските информации, кражбата се случила во периодот меѓу петокот, минатата недела и вторникот неделава, во стан на улицата Орце Николов, во Дебар-маало, во центарот на Скопје. Крадецот од станот однел […]

Од куќа во Мородвис, крадец однел плен вреден повеќе од два милиони денари

јули 31, 2015

Непознат сторител, меѓу средата и четвртокот оваа недела, провалил во куќа во кочанското село Мородвис и украл денари, девизи и француски монети, во вкупна вредност од 2,2 милиони денари или околу 37.000 евра. Според полициските информации, крадецот во куќата, сопственост на Н.С.(74), влегол откако насилно отворил еден од прозорците, а одзел 400.000 денари, 28.000 швајцарски […]

Украдени 80 автомобилски гуми од скопска фирма

јули 27, 2015

Меѓу четвртокот и петокот минатата недела, на улицата 1632 во Скопје, непознат сторител извршил тешка кражба во фирмата „Мото центар“, од која однел околу 80 користени гуми, соопшти полицијата. Вкупната материјална штета, според полициските информации, била проценета на околу 300.000 денари, односно околу 5.000 евра. Полицијата засега нема осомничено лице за тешката кражба.

Од куќа на кумановец украдени пари и накит во вредност од 1,9 милиони денари

јули 13, 2015

Непознат сторител од куќа на 33-годишен кумановец украл девизи и златен накит, чија вкупна вредност била проценета на околу 1,9 милиони денари, односно околу 31.000 евра. Според полициските информации, кражбата се случила во периодот меѓу 25 јуни и 11 јули. Крадецот во објектот провалил насила, со помош на погоден алат и одзел 20.000 евра и […]

Куфери со облека и лаптоп украдени од автомобил на српски државјанин

јули 9, 2015

Меѓу вторникот и средата неделава, непознат сторител извршил тешка кражба во автомобил со српски национални ознаки, кој било паркиран на улицата Филип Втори Македонски во Скопје. Според полициските информации, од автомобилот, марка „шкода октавија“, биле украдени три куфери во кои имало облека и лаптоп, во вкупна вредност од 225.000 денари. Од полицијата велат дека преземаат […]

Украдени компјутери од училиште во Скопје

јули 7, 2015

Десет куќишта од компјутери и два преносни компјутери минатата недела биле укардени од основно училиште во Скопје. Како што информираат од полицијата, кражбата се случила меѓу петокот и саботата минатата недела, во основното училиште „Лирија“ на улицата Цветан Димов. Компјутерите биле украдени од кабинетите по историја и по биологија, а нивната вредност е проценета на околу […]

Штипската полиција сомничи шестмина за тешки кражби

јули 3, 2015

Штипската полиција ќе поднесе пријави против шест лица, на возраст од 17 до 40 години, поради сомневање за сторени повеќе кражби и тешки кражби. Според полициските информации, дел од осомничените се товарат дека краделе нафта од автобуси и од камиони, а неколкумина од нив се осомничени дека од стан и од куќа украле мобилни телефони, […]

Од стан на тетовец украдени златен накит и пари

јуни 18, 2015

Разновиден накит, денари и девизи, вчера биле украдени од станот на 55-годишен тетовец, информира полицијата. Вредноста на украдениот плен била проценета на околу 480.000 денари или околу 7.800 евра. Според полицијата, од станот бил украден разновиден златен накит, 2.400 евра, 42.000 денари и 1.000 долари. Полицијата засега нема осомничено лице за тешката кражба.

Украдени пушки и пиштоли од магацин на „Македонски шуми“

јуни 18, 2015

Непознат сторител од магацин на „Македонски шуми“, односно Шумското стопанство „Караџица“, украл неколку парчиња оружје. Како што информираат од полицијата, случајот бил пријавен вчера, а станува збор за украдени пушки и пиштоли. Кражбата се случила на неутвреден датум, во периодот меѓу 4 и 17 јуни. Полицијата засега нема осомничени и презема мерки за целосно расчистување […]

Скопјанец пријавил кражба на накит вреден 5,5 милиони денари

јуни 15, 2015

Скопојанец вчера пријавил дека непознат сторител провалил во неговиот стан на улицата Јуриј Гагарин, во населбата Козле, и украл разновиден златен накит, информираат од полицијата. Според пријавата на скопјанецот В.В. (65), вкупната вредност на накитот што го однел крадецот била околу 5,5 милиони денари. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на […]

Четири момчиња осомничени за разбојништво и за тешка кражба

јуни 14, 2015

Секторот за внатрешни работи Скопје поднел кривична пријава против четири момчиња, од нив двајца малолетници, осомничени дека пред една недела нападнале и ограбиле две лица на улицата Лазар Личеновски, во центарот на градот, информираат од полицијата. Според пријавата, Д.Ф. (20), Д.Е. (20) и двајцата малолентици, на 16-годишна возраст, се товарат за кривичните дела разбојништво и […]

Двајца малолетници осомничени за кражби во цркви и манастири

мај 20, 2015

Струмичката полиција до локалното Основно јавно обвинителство поднела известување против двајца малолетници од селото Лубница, осомничени дека кон средината на април извршиле серија кражби во цркви и во манастири, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, малолетниците се товарат за шест тешки кражби во цркви и во манастири на подрачјето на Радовиш и за одземање моторно […]

Украдени четири икони од црква во Катланово

мај 19, 2015

Ноќта меѓу неделата и понеделникот, непознат сторител украл четири икони од црквата „Света Недела“ во селото Катланово, информира полицијата. Според полицијата, станува збор за тешка кражба и се преземаат мерки за расчистување на случајот и за откривање на сторителот.

Крадец однел плен вреден 5.000 евра од стан во Скопје

мај 4, 2015

Непознат сторител, во петокот минатата недела, провалил во стан во населбата Скопје Север и однел плен чија вредноста била проценета на околу 300.000 денари, односно околу 5.000 евра. Според полицијата, од станот, сопственост на Д.Д. (45), крадецот однел 4.000 евра, златен накит, рачен часовник, фотоапарат и два клуча од автомобил. Полициски екипи извршиле увид на […]

Ограбена куќа во населбата Ченто

април 28, 2015

Непознат сторител ноќта меѓу неделата и понеделникот провалил во куќа во скопската населба Ченто, од каде однел плен чија вредност била проценета на околу 4.400 евра, соопшти полицијата. Според полицијата, од куќата биле украдени златен накит, лаптоп, очила за сонце, двоглед и други предмети. Полицијата засега нема осомничен за тешката кражба.

Малолетници осомничени дека украле плен вреден повеќе од 30.000 евра

април 9, 2015

Деветнаесетгодишен битолчанец и уште тројца малолетници се осомничени дека во периодот од септември минатата година до март годинава, извршиле неколку тешки кражби во куќи и во две цркви во Битола. Како што информираат од полицијата, материјалната штета што осомничените ја предизвикале била проценета на околу 2 милиони денари, односно повеќе од 30.000 евра. Една од последните […]

Страна 1 од 3