fbpx

Сервер: По Преспанскиот договор, останаа два проблеми на Балканот

-

Имаше три безбедносни проблеми на Балканот, а сега, по решението на спорот за името на Македонија, останати се само два: Нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија и средување на дисфункционалното владеење во Босна и Херцеговина, сметаа Даниел Сервер од Школата за напредни меѓународни студии на американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“.

Тој беше еден од говорниците на вчерашната дебата „Западен Балкан: Справување со идните предизвици“ во Вашингтон организирана од универзитетот, политичкото советодавно тело „Балканот во Европа“ и Европскиот фонд за Балканот, извести „Јуропиан Вестерн Балканс“.

– Ова е вистинскиот момент да се реши прашањето за Косово и Србија. И кога тоа ќе биде решено, проблемот во БиХ ќе изгледа многу поинаку од таа перспектива и полесен за решавање. Помислете што ако не беше решен проблемот со името на Македонија, колку потешко би било решевањето на спорот помеѓу Косово и Србија – рече Сервер.

Директорот на Центарот за југоисточни европски студии од Универзитетот во Грац и координатор на „Балканот во Европа“, Флоријан Бибер, смета дека главниот проблем на Балканот се авторитарните влади кои не се целосно посветени на либералните демократски вредности на ЕУ и САД. За Договорот од Преспа тој рече дека успеал оти бил постигнат од локалните фактори.

– Тој беше постигнат со волјата на двете влади. Исто така, не би дошло до договор меѓу двете влади ако не беше НАТО и ЕУ перспективата за Северна Македонија – рече Бибер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Граѓаните бираат претседател и нов парламентарен состав

Денеска во земјава се одржува вториот круг од претседателските избори и се бира нов парламентарен состав. Вкупно 17 политички субјекти доставија кандидатски листи за избор на пратеници. Ова значи дека...