fbpx

До крајот на мај продолжен тендерот за набавка на новите автобуси на ЈСП

-

Големиот интерес на производителите на автобуси го продолжи рокот за доставување на понудите за набавка на 30 до 40 единечни и зглобни автобуси за ЈСП – Скопје. Наместо до утре, компаниите ќе можат до 24 мај да ги достават понудите со техничките карактеристики на еколошките автобуси на компримиран гас.

Продолжувањето на рокот за доставување на понудите нема да ја одолговлечи набавката на нископодните автобуси, кои се очекува да ги намалат постојните гужви во градските автобуси и да ги редуцираат трошоците за одржување на јавниот превоз во Скопје.

Новите автобуси на ЈСП – Скопје би отпочнале да се движат по скопските улици на крајот на 2019 или на почетокот на 2020 година. Возниот парк со ЕУРО 6 еколошки мотори ќе го намали загадувањето на воздухот од јавниот превоз во метрополата.

Како што се наведува на веб – страницата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), 8 јули е датумот кога се очекува да отпочне реализацијата на договорот со најповолниот понудувач.

Целокупниот тендер за обнова на возниот парк се спроведува во две фази. Во првата фаза ќе се евалуираат понудите за техничките карактеристики на автобусите, но и евентуалната листа на нивни отстапувања од она што е утврдено во распишаниот тендер. По фазата на елиминација, во втората фаза ќе бидат поканети да достават понуди сите компании што ги исполнуваат квалификационите критериуми. На крајот од оваа фаза, ќе се знае цената по која ќе се набават идните автобуси и производителот што ќе ги испорача нив.

Меѓународниот тендер за набавка на нископодните CNG автобуси беше објавен кон средината на март годинава. Покрај кредитот од ЕБОР во висина од 10 милиони евра, за набавката на новите автобуси ќе се обезбедат додатни 1,8 милиони евра од буџетот на ЈСП – Скопје, како и неповратен грант во висина од 1,1 милион евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...