fbpx

Оланд е против организирање референдум за членството на Франција во ЕУ

-

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјавил дека е против организирање референдум околу членството во Европската Унија, по примерот на Велика Британија, пренесува хрватскиот национален сервис ХРТ.

Оланд, во врска со ова прашање, додал дека претседателските избори, закажани за следната година, ќе бидат можност гласачите да одлучат каква европска политика сакаат.

Во Франција, како што пренесува ХРТ, сè погласни се повиците за референдум за ЕУ, откако минатата недела граѓаните на Велика Британија одлучија да ја напуштат Унијата.

Водечките политичари во Франција, меѓу кои и министерот за економија, Емануел Макрон, и поранешниот премиер и водечки кандидат за претседателските избори, следната година, Ален Жипе, повикуваат на плебисцитарно изјаснување за новиот европски проект. Единствено, крајно десничарската партија Национален фронт повикува на гласање за членството на земјата во ЕУ.

Околу 55 отсто од Французите не сакаат референдум за членството во ЕУ, додека 45 отсто сметаат дека тоа е добра идеја, покажуваат анкетите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...