петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Брексит | 160 резултати

Меј го преживеа гласањето недоверба во парламентот

јануари 17, 2019

Британската премиерка Тереза Меј синоќа доби доверба за продолжување на мандатот од пратениците  во британскиот парламент, еден ден откако нејзиниот договор за Брегзит претрпи тежок пораз. Владата на Меј доби 325 гласови, наспроти 306 кои беа против. По овој крупен чекор, Меј ќе разговара со сите парламентарни партии во обид да се изнајде решение за […]

По пропаѓањето на договорот со ЕУ за Брексит, денеска се гласа доверба на владата на Меј

јануари 16, 2019

Владата на британската премиерка Тереза Меј денеска се соочува со гласање доверба во Парламентот по синоќешниот пораз на нејзиниот предлог за Брексит, односно договорот со ЕУ за регулирање на меѓусебните однос по излегувањето на Велика Британија од европската заедница. Долниот дом на британскиот Парламент синоќа со 432 гласа „против“ и 202 „за“, го отфрли Договорот […]

Преговорите со НАТО почнуваат на 18 октомври

октомври 10, 2018

Владата на својата 93-та седница вчера ја усвоила Информацијата за елементите од пристапните разговори за членство во НАТО, кои ќе почнат на 18 и 19 октомври во седиштето на Алијансата во Брисел. Била усвоена и Информацијата за формирање Работен комитет за интеграција во НАТО, кој ќе ги води пристапните разговори. Министрите на седницата ја усвоиле […]

Борис Џонсон поднесе оставка

јули 9, 2018

Борис Џонсон денеска даде оставка од функцијата министер за надворешни работи на Велика Британија, а премиерката Тереза Меј му ја прифати. Џонсон е вториот министер што денеска ѝ откажа верност на Меј – утрово министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис, исто така поднесе оставка. Заминувањето на Џонсон беше соопштено непосредно обраќањето на Меј пред Парламентот за […]

„Ербас“ се закани дека ќе го напушти производството во Велика Британија

јуни 22, 2018

Европскиот произведувач на авиони „Ербас“ се закани дека ќе ја напушти Велика Британија доколку таа се одвои од Европска унија без постигнат договор за идните трговски односи. Компанијата која вработува 14.000 луѓе на 25 локации во Велика Британија соопшти дека ќе ги преиспита своите инвестиции во Велика Британија, како и својот иден престој во земјата […]

ЕУ и Велика Британија постигнаа преоден договор за Брексит

март 19, 2018

Европската унија и Велика Британија постигнале преоден договор за Брексит кој ќе важи до 31 декември 2020 година, извести во Брисел главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние. Со договорот биле прецизирани детали за правата на граѓаните, но и за финансиски прашања. Како што изјавил Барние, проблемот со границите со Ирска останал нерешен. Барние додал дека станува […]

Mej: Граѓаните на ЕУ нема да ги имаат истите права во Велика Британија по Брексит

февруари 1, 2018

Британската премиерка Тереза Меј изјави денеска дека, граѓаните на Европска унија кои ќе дојдат во Велика Британија за време на транзицискиот период по Брексит, нема да ги имаат истите права за да останат во таа земја, како претходно, додека земјата беше членка на ЕУ. Меј, која се наоѓа во посета на Кина, изјави дека ќе бори […]

ЕУ и нуди на Британија „транзициски статус-кво“ без право на глас

јануари 29, 2018

Европската Унија денеска се одлучи да и понуди на Велика Британија 21-месечен транзиционен период по Брексит, односно по излегување на земјата од Унијата, за време на кој ќе се задржи „статус-кво“ во нејзиното членство, но без можност за гласање. На министрите на ЕУ им требаа две минyти сите да го поддржат заедничкиот став, чиј нацрт го […]

Туск: ЕУ е отворена за можноста Велика Британија и натаму да остане членка

јануари 16, 2018

Европската Унија е отворена за можноста дека Велика Британија ќе го промени ставот за Брексит и ќе остане дел од Унијата, рече претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во Европскиот парламент. Туск изјави дека доколку владата на Велика Британија остане на својата одлука да ја напушти ЕУ, Брексит со сите свои негативни последици ќе стане […]

Јункер и Меј не постигнаа договор за Брексит, преговорите продолжуваат

декември 4, 2017

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска соопшти дека сè уште не е постигната целосна согласност со Британија за понатамошните чекори во процесот на нејзиното напуштање на Европската Унија. Тој по средбата со британската премиерка Тереза Меј изјави дека и покрај напорите, не било можно да се постигне целосен договор, но дека тоа не го […]

Туск: Има напредок со Британија околу прашањето за Ирска

декември 4, 2017

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека преговорите за излегување на Велика Британија од ЕУ се доближуваат до напредок во врска со прашањето на статусот на границата со Ирска. Туск на „Твитер“ наведе дека е охрабрен од разговорите со премиерот на Ирска и дека е остварен напредок за декемврискиот самит на ЕУ. Преговарачот на Европскиот […]

Пресуден ден за преговорите за Брексит – Меј доаѓа во Брисел

декември 4, 2017

Британската премиерка Тереза Меј денеска ќе пристигне во Брисел на пресудни разговори за состојбата на преговарачкиот процес за излегувањето на Британија од Европската Унија, а исходот од состанокот би можел да ги одреди условите под кои ќе се случи тоа. Меј ќе разговара со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и со претседателот на Европскиот совет, […]

ЕУ се подготвува за можноста да не постигне договор за Брексит

ноември 12, 2017

Главниот преговарач на Европската Унија за Брексит, Мишел Барние изјави дека Брисел се подготвува за можноста да не постигне договор со Лондон, иако тоа не е сценариото кон кое тежнеат. – Тоа не е моја опција… но е една од можностите. Треба да бидеме подготвени сите, државите и компаниите – вели Барние во интервју за […]

Брексит може да биде запрен, тврди еден од авторите на правилата

ноември 10, 2017

Еден од луѓето што ги креирале правилата за излегување од ЕУ, денеска изјави дека Велика Британија може правно да го запре процесот во било кој момент пред датумот за излегување во 2019 година. – Се додека разговорите за разводот траат, страните сè уште се во брак, Можеме да се премислиме во секој момент – изјави […]

Британија давала двојно помалку пари во ЕУ отколку што тврделе заговорниците на Брексит

октомври 31, 2017

Британската статистичка служба соопшти дека придонесите на Велика Британија во Европска Унија се двојно помали од тоа што го тврделе заговорниците на Брексит во пресрет на минатогодишниот референдум. Канцеларијата за национална статистика соопшти дека од Велика Британија минатата година биле префрлени вкупно 9,4 милијарди фунти (12,4 милијарди долари). Тоа се околу 180 милиони фунти неделно, […]

„Виз ер“ бара дозвола за работа во Велика Британија поради Брексит

октомври 18, 2017

Унгарската нискотарифна авиокомпанија „Виз ер“ аплицираше за дозвола за работа како авионски оператор во Велика Британија, за да биде сигурна дека ќе продолжи да работи и по излегувањето на таа земја од Европска Унија. Во соопштението доставено до Лондонската берза, „Виз ер“ наведува дека ќе основа британска подружница „Виз ер УК“ со база на аеродромот […]

Брексит ќе чини до 60 милијарди евра, потврди Тајани

октомври 18, 2017

Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, денеска изјави дека сметката за излегувањето на Велика Британија од Европската Унија (Брексит) изнесува меѓу 50 милијарди и 60 милијарди евра, колку што беше и претходната неформална проценка на Брисел. – Треба да бидеме реални, но британската влада не е реална. Се споменуваа 20 милијарди, но тоа е бесмислено. […]

Туск предложи амбициозна реформа на ЕУ по Брексит

октомври 18, 2017

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, предложи амбициозна програма која предвидува 13 самити за две години за заживување на Европската Унија по излегувањето на Велика Британија од Унијата. Туск го упати својот предлог по апелите за заживување на ЕУ, кои неколкупати ги упатија претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и францускиот претседател Емануел Макрон. Програмата […]

Барние: Лондон да ги почитува прописите на ЕУ во транизицискиот период

септември 26, 2017

Велика Британија, која побара двегодишен транзициски период за излегување од Европска Унија, ќе мора да се придржува до сите европски прописи во тој период, изјави главниот преговарач на Европска Унија за Брексит, Мишел Барние. – Ако идејата е Велика Британија во овој период и понатаму да биде дел од единствениот пазар, тогаш мора да се зачуваат […]

Британија е подготвена да ги интензивира преговорите со ЕУ

септември 4, 2017

Велика Британија е подготвена да ги интензивира преговорите со ЕУ за напуштањето на Унијата, но тоа сè уште не е формално договорено, соопшти портпаролката на премиерката Тереза Меј. По трите круга преговори, минатата недела европските претставници изјавија дека немало успех во поместување на преговорите од прашањата поврзани со излегувањето кон идните односи на ЕУ и на […]

Страна 1 од 8