fbpx

Осудениот во „Пуч“ експресно излегува од затвор по амнестијата на Иванов

-

Единствениот осуден во случајот „Пуч“, Ѕвонко Костовски, го напушта затворот „Идризово“ откако вчера од кабинетот на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, до Основниот суд Скопје 1 стигнала одлуката за помилување, соопшти денеска судот.

Судијата за извршување санкции веднаш ја доставил одлуката до затворот за извршување, односно ослободување на Костовски.

„До Основниот суд Скопје 1, во текот на вчерашниот ден, од кабинетот на претседателот на Република Македонија беше доставена одлука за помилување на осудено лице, при што судија за извршиување санкции веднаш ја достави одлуката на наделжно постапување на затворската инсистуција, за целосно ослободување од понатамошно издржување на казна затвор на осудениот З.К., кој со предлог спогодба КОК ПП број 131/15 од 25 март 2015 година е осуден на единствена казна затвор во траење од три години за кривичните дела шпионажа од член 316, став 4 во врска со член 24 од Кривичниот закон и за неовластено прислушување од член 151, став 4 во врска со став 1, а во врска со член 45 од Кривичниот закон“, стои во соопштението на Основниот суд Скопје 1.

Вчера претседателот Иванов на прес-конференција изјави дека донел одлука за аболиција и за амнестија на сите политичари против кои се водат кривични постапки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...