fbpx

Германија почнала да враќа поголем број мигранти во Австрија

-

Германија, од почетокот на овој месец, почнала да враќа во Aвстрија зголемен број мигранти кои немаат валидни документи или, пак, не сакаат да бараат азил во земјата, соопштила австриската полиција, пренесува „Би-Би-Си“.

Поголемиот број од лицата што германските власти ги враќаат назад во Австрија, не биле Сиријци, туку главно државјани на Авганистан, Мароко и на Алжир.

„Бројот на мигранти кои во просек дневно се враќаат се зголеми од 60 во декември на 200 лица од почетокот на оваа година“, изјавил висок службеник на австриската полиција.

Новогодишните напади врз жени што се случија во Келн, го зголемија притисокот врз германската канцеларка Ангела Меркел во врска со нејзината политика околу бегалската и мигрантската криза.

За нападите се осомничени главно лица со потекло од Северна Африка и од арапските земји.

Во моментов 19 лица се под истрага за нападите врз жени, од кои ниту еден не е Германец.

Во врска со нападите, поднесени се повеќе од 500 пријави од кои 40 отсто се за сексуално вознемирување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одѕивот на гласачите до 9 часот најмал во општините во Изборната едница 6

Одѕивот на гласачите на парламентарните избори до 9 часот бил 4, 45 отсто, додека на претседателските избори 4,17 отсто. Според податоците на Државната изборна комисија, најмалата излезност за парламентарните...