недела, 13 септември, 2026
Meta.mk

Ознака: враќање | 21 резултати

Постои шанса САД да се вратат на договорот за климатските промени, вели Трамп

јануари 28, 2018

Претседателот на САД, Доналд Трамп би бил подготвен да го потпише Парискиот договор за климатските промени, но само доколку во документот бидат внесени значајни измени, јавуваат светските агенции. Во интервју, кое во целост ќе се емитува на британската телевизија „Ај-ти-ви“, Трамп рекол дека „ако биде постигнат добар договор, секогаш постои шанса САД се вратат“. Трамп […]

ВМРО-ДПМНЕ привремено ќе се врати во Собранието за говорот на Столтенберг

јануари 16, 2018

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ в четврток ќе дојдат во Собранието за да го слушнат обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој утре и задутре доаѓа во посета на земјава. Сепак, засега враќањето на опозицијата во собрансиките клупи ќе биде само за оваа прилика, а за понатаму, како што велат од партијата, ќе информираат навремено. […]

НБРМ: Нефункционалните кредити на домаќинствата се во пораст

декември 21, 2017

Банките повеќе кредити одобриле за граѓаните, отколку за компаниите и во третиот квартал од годината, кредитниот пораст изнесува 0,3 проценти, се вели во најновиот извештај на Народна банка. „Вкупните нефункционални кредити на банкарскиот систем се намалија за два проценти, на квартална основа. Нефункционалните кредити на домаќинствата бележат забрзан пораст присутен уште од почетокот на 2017 година. Истовреме, […]

Груевски и Мијалков барале од судот да им ги врати пасошите поради службени патувања

септември 20, 2017

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и неговиот братучед и поранешен шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, побарале од Кривичниот суд да им ги врати пасошите што им беа одземени како гаранција дека нема да побегнат од земјава поради обвиненијата што против нив ги поднесе Специјалното јавно обвинителство, објави „Телевизија 24“. Информациите за […]

СДСМ: Миноски сака да ги задолжи граѓаните со нови 4,1 милиони евра

март 22, 2017

Порачуваме дека Кирил Миноски е должен да излезе и да им објасни на граѓаните зошто сака да ги задолжи со нови 4,1 милиони евра, велат од СДСМ. Оттаму додаваат дека „најавеното задолжување од овие 4,1 милиони евра доаѓа само еден ден откако Министерството за финансии реализираше аукција за плаќање на доспеаните обврски“. „Денеска од Министерството за […]

Вучиќ: Барањето на БИХ за ревизија на пресудата во Хаг е неодговорен потег

февруари 24, 2017

Највисоките државни функционери на Србија како „неодговорен потег“ го оценија и го осудија отворањето на постапката за ревизија на пресудата на Меѓународсниот суд на правдата во Хаг по тужба на Босна и Херцеговина против Србија за геноцид и предупредија дека со ваквиот чекор целиот регион се враќа во минатото. Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, изјави […]

Нишани ги обвини српските политичари дека се враќаат во времето на Милошевиќ

јануари 19, 2017

Претседателот на Албанија, Бујар Нишани, ги обвини српските политичари дека се враќаат во времето на поранешниот претседател Слободан Милошевиќ и дека поттикнуваат тензии и конфликт на Балканот, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. Нишани обвинувањата ги изнесе за време на вчерашниот прием за дипломатскиот кор во Тирана, по повод Нова година, притоа алудирајќи на потерницата […]

ЛДП бара Груевски да го врати мандатот и да се формира реформска влада

јануари 16, 2017

Либерално-демократската партија бара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да го врати мандатот за составување влада бидејќи, како што велат од ЛДП, на државата ѝ е потребна влада која ќе почне темелни реформи базирани врз препораките на извештајот на Прибе. „И по една недела од доделувањето на мандатот, Никола Груевски не успева да формира влада. Напротив, […]

Кинеската морнарица заплени американски подводен дрон во Јужното Кинеско Море

декември 16, 2016

Кинеската воена морнарица вчера во водите на Јужното Кинеско Море запленила американско беспилотно пловило – дрон за океанографски истражувања, јавуваат светските медиуми. Соединетите Американски Држави денеска испратиле официјално барање до Кина пловилото веднаш да биде вратено, пренесува „Би-би-си“. Според Пентагон, подморницата била запленета во меѓународни води. Како што јавуваат светските агенции, инцидентот се случил вчера, […]

Кога се работи за поголема сума на ДДВ, државата потешко го враќа на компаниите

септември 5, 2016

Компаниите на кои државата треба да им врати данок на додадена вредноста (ДДВ) во износ поголем од два милиони денари месечно, многу потешко ги добиваат тие пари, покажува најновата анкета на 800 компании, што ја спроведе Стопанска комора на Македонија во август. Доцнењата во исплатата подолго од предвидениот рок им задаваат тешкотии во работењето. За фирмите кои […]

Отежнато враќањето на бегалците од Грција во Турција

април 5, 2016

Бегалскиот бран кон Грција продолжува со исто темпо како и пред договорот на Европска Унија и на Турција. Иако Грција вчера испрати 202 бегалци кон Турција, до утринава во државата стигнаа нови 225 бегалци. Низ целата територија на државата, според официјалните бројки, има 52.352 бегалци. Процесот на враќање на бегалците се одвива отежнато. По вчерашното […]

Турција се подготвува за враќањето на мигрантите од Грција

април 2, 2016

Турција ги подготвува двата центри за регистрација на мигрантите кои од понеделник (4 април) треба да бидат вратени од Грција, согласно договорот меѓу Европската унија и Анкара, соопштија турски официјални претставници. Подготовките се почнати во летувалиштето Чешме и провинцијата Измир, која се наоѓа наспроти остворот Хиос, кој е една од главните дестинации за мигрантите, изјавил […]

Хрватска почнала постапка за враќање мигранти во Грција

март 9, 2016

Министерот за внатрешни работи на Хрватска, Влахо Орепиќ, денеска изјавил дека во моментов во бегалскиот камп во Славонски Брод се наоѓаат 408 лица и дека во тек е постапка за нивно враќање во Грција, јавуваат медиумите. Орепиќ, на заедничката прес-конференција со хрватскиот премиер Тихомир Орешковиќ, по повод построгите правила за пропуштање мигранти и бегалци, рекол […]

Вратени 125 Авганистанци од Германија

февруари 24, 2016

Германската влада соопшти дека 125 Авганистанци на кои им е одбиено барањето за азил, доброволно се вратиле во матичната држава. Германското Министерство за внатрешни работи соопшти дека авион со мигрантите слетал во Кабул. Враќањето го организирала Меѓународната организација за миграција. Германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мезијер истакна дека враќањето на мигрантите е важно […]

Обвинителството побарало од Албанија враќање на 20 икони украдени од македонски цркви

јануари 12, 2016

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од надлежниот суд во Тирана, Албанија, побарало враќање во Македонија на 20 икони од непроценлива вредност, украдени од цркви и од манастири во земјава, соопшти денеска јавното обвинителство. „Во согласност со Европската конвенција за меѓусебна правна помош во кривична материја и Законот за меѓународна соработка во […]

Германија почнала да враќа поголем број мигранти во Австрија

јануари 12, 2016

Германија, од почетокот на овој месец, почнала да враќа во Aвстрија зголемен број мигранти кои немаат валидни документи или, пак, не сакаат да бараат азил во земјата, соопштила австриската полиција, пренесува „Би-Би-Си“. Поголемиот број од лицата што германските власти ги враќаат назад во Австрија, не биле Сиријци, туку главно државјани на Авганистан, Мароко и на Алжир. […]

Вратени 640 милиони денари на фирмите врз основа на ДДВ

декември 2, 2015

Министерството за финансии вчера исплати 640 милиони денари на 1.273 фирми, врз основа на поврат на данок на додадена вредност (ДДВ). Од Министерството за финансии информираат дека исплата на поврат на ДДВ се врши редовно, како што доспеваат налозите за отплата.  

Страна 1 од 1