Кинеската воена морнарица вчера во водите на Јужното Кинеско Море запленила американско беспилотно пловило – дрон за океанографски истражувања, јавуваат светските медиуми.

Соединетите Американски Држави денеска испратиле официјално барање до Кина пловилото веднаш да биде вратено, пренесува „Би-би-си“. Според Пентагон, подморницата била запленета во меѓународни води.

Како што јавуваат светските агенции, инцидентот се случил вчера, во моментот додека американски брод за океанографски истражувања се подготвувал да го преземе подводното возило.

Официјални претставници на САД навеле дека пловилото, наречено „подводна едрилица“, било користено за тестирање на соленитетот и на температурата на водата.