fbpx

Хрватска почнала постапка за враќање мигранти во Грција

-

Министерот за внатрешни работи на Хрватска, Влахо Орепиќ, денеска изјавил дека во моментов во бегалскиот камп во Славонски Брод се наоѓаат 408 лица и дека во тек е постапка за нивно враќање во Грција, јавуваат медиумите.

Орепиќ, на заедничката прес-конференција со хрватскиот премиер Тихомир Орешковиќ, по повод построгите правила за пропуштање мигранти и бегалци, рекол дека поради новите околности најверојатно ќе има обиди за илегален влез на мигранти во Хрватска, но дека таквото сценарио е земено предвид и се предвидени мерки за тоа.

Премиерот Орешковиќ додал дека Хрватска секојдневно е во контакт со државите на балканската рута, меѓу кои и Србија и Македонија, и дека ја следи состојбата на терен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...