Државната изборна комисија (ДИК) утре, во 16 часот, ќе одржи јавна седница на која ќе се расправа за пријавите од граѓани за сомнителни случаи и записи во електронскиот избирачки список што стигнале и биле примени од ДИК.
Како што информираат од ДИК, известувањата што ги примиле се однесувале на следните забелешки:
- Лицето не е државјанин на Република Македонија;
- Лицето не поседува важечка лична карта или патна исправа;
- Лицето нема наполнето 18 години;
- Лицето е на привремена работа или престој во странство, со последно живеалиште на дадената адреса;
- Лицето има живеалиште на друга адреса на територијата на Република Македонија, а претходно имало живеалиште на дадената адреса;
- Лицето нема живеалиште на територијата на Република Македонија;
- Лицето не живее на таа адреса, а нема податок дали има живеалиште на територијата на Република Македонија;
- На лицето му е одземена деловната способност;
- Лицето е починато.