fbpx

Нишани ги обвини српските политичари дека се враќаат во времето на Милошевиќ

-

Претседателот на Албанија, Бујар Нишани, ги обвини српските политичари дека се враќаат во времето на поранешниот претседател Слободан Милошевиќ и дека поттикнуваат тензии и конфликт на Балканот, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана.

Нишани обвинувањата ги изнесе за време на вчерашниот прием за дипломатскиот кор во Тирана, по повод Нова година, притоа алудирајќи на потерницата издадена од српските власти за апсење на лидерот на Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, и случувањата со возот во боите на српското знаме и испишан со паролите „Косово е Србија“, кој требаше да сообраќа на линијата Белград – Косовска Митровица.

„Дијалогот меѓу Косово и Србија, посредуван од Европската Унија и силно поддржан од Соединетите Американски Држави, беше и останува суштински елемент за мирот, безбедноста и за помирувањето во регионот на Западен Балкан. Но, додека ги очекуваме резултатите од договорите постигнати меѓу двете земји во последните шест години, гледаме дека сè уште има тенденции и акции кои ги поткопуваат преговорите и ја поткопуваат имплементацијата на веќе договореното, а кои не одат во прилог на понатамошниот напредок во односите, не само меѓу двете земји, туку и на стабилноста на регионот во целина. Тоа што Србија кон Косово спроведува политичко-правни мерки карактеристични за времето на Милошевиќ, не оди во прилог на духот на помирување, туку кон продолжување на српската блокада на Косово на регионално и на меѓународно ниво, што е спротивно на обврските преземени досега“, рече Нишани.

Тој нагласи дека Албанија го поддржува напредокот на регионот и е против какво било враќање во „мрачните денови на режимот на Милошевиќ кој промовираше и ја спроведуваше политика на етничко чистење во регионот“.

„Помирувањето меѓу земјите бара политичка храброст и визија, кои Албанија е подготвена да ги поддржи без двоумење“, рече Нишани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...