fbpx

ЛДП бара Груевски да го врати мандатот и да се формира реформска влада

-

Либерално-демократската партија бара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да го врати мандатот за составување влада бидејќи, како што велат од ЛДП, на државата ѝ е потребна влада која ќе почне темелни реформи базирани врз препораките на извештајот на Прибе.

„И по една недела од доделувањето на мандатот, Никола Груевски не успева да формира влада. Напротив, тој и понатаму си игра со трпението на граѓаните, кои јасно на 11 декември гласаа за промени и за смена на режимот. Сите политичари што се осомничени од СЈО за криминал, не можат и не смеат да формираат влада. Затоа, го повикуваме Груевски да го врати мандатот“, стои во соопштението од ЛДП.

Оттаму велат дека во Македонија мора да се врати владеењето на правото и почитувањето на институциите на системот.

„Меѓу приоритетите на новата влада ќе бидат и реформите за независно судство, како и продолжување на работата на СЈО и, конечно, почнување на судски процеси против сите функционери на власта и корумпираните елити, инволвирани во криминал, корупција и во изборни измами“, порачуваат од ЛДП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...