fbpx

Отежнато враќањето на бегалците од Грција во Турција

-

Бегалскиот бран кон Грција продолжува со исто темпо како и пред договорот на Европска Унија и на Турција. Иако Грција вчера испрати 202 бегалци кон Турција, до утринава во државата стигнаа нови 225 бегалци. Низ целата територија на државата, според официјалните бројки, има 52.352 бегалци.

Процесот на враќање на бегалците се одвива отежнато. По вчерашното испраќање на група бегалци од Лезбос и од Хиос, денеска Грција нема кого да испрати кон Турција бидејќи бегалците одбиваат да си заминат и наместо во некоја од западните или северните европски држави да завршат во Турција.

Според информациите на телевизијата „Мега“, грчката полиција „изгубила“ 100 бегалци кои било предвидено денеска од Хиос да се пренесат во Турција. Полицијата ги имала регистрирано тие 100 лица за денеска да бидат пренесени со брод, меѓутоа од ноќеска тие исчезнале од местото каде се очекувало да бидат, а според информациите, дел од нив веќе имаат и поднесено барања за азил за да избегнат враќање во Турција. Вчера од Хиос беа пренесени 66 луѓе кон Турција.

Работите остануваат тензични и кај Идомени, каде остануваат заглавени повеќе од 11.000 бегалци. Протестите и барањата да се отвори границата веќе се дел од секојдневието на луѓето што во шаторите среде нивите во Идомени живеат повеќе од еден месец. Продолжуваат и блокадите на автопатот Солун – Евзони, кои особено создаваат тензија кај жителите од локалните области, поради неможноста да се стигне до работа или дома.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...