fbpx

ВМРО-ДПМНЕ привремено ќе се врати во Собранието за говорот на Столтенберг

-

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ в четврток ќе дојдат во Собранието за да го слушнат обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој утре и задутре доаѓа во посета на земјава.

Сепак, засега враќањето на опозицијата во собрансиките клупи ќе биде само за оваа прилика, а за понатаму, како што велат од партијата, ќе информираат навремено.

– Ние сме биле и остануваме со политиката ориентитени кон Европската Унија и НАТО. Точно е дека ќе присуствуваме на обраќањето на генералниот секретар на НАТО. За понатаму, дали се враќаме или не во Собранието, ќе ве информираме навремено – изјавил директорот на Центарот за комуникации на партијата, Иво Котевски за „Фокус“.

Најголемата опозициска партија месец и половина ја бојкотира работата на Собранието поради притворањето на осомничените за минагодишните насилства од 27 април, меѓу кои се и шестмина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

Новиот претседател на партијата, Христијан Мицкоски, неодамна изјави дека нивните пратеници ќе се вратат во Собрането „кога ќе се создаде демократски амбиент за негово функционирање“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...