fbpx

Адеми: Не е време за измена на законот за основно и средно образование

-

Министерот за образование, Абдулаќим Адеми, вели дека не е време за промена на законот во основно и средно образование, одговарајќи на новинарско прашање околу евентуалниот дијалог со „Средношколски пленум“ и исполнување на нивните барања околу воспитно-образовниот процес

– Не е време за измена на законот за основно и средно образование. Дијалог – да, но во ситуација кога политичките партии се подготвуваат за предвремени избори, не сакам образованието да биде во преден план и да се злоупотребува за политички цели – рече Адеми.

Адеми изјави дека засега нема да се интервенира во грешките во учебниците, затоа што најпрвин е потребно да се промени законот за учебници, па потоа ќе следувала промена во проблематичните содржини во учебниците.

Министерот Адеми, кој присуствуваше на првиот училишен ден во Основното училиште „Пашко Васа“ во Групчин, општина Желино, изјави дека се доделени нови учебници во училиштата како замена за секој учебник кој се користел пет години. Според „Кембриџ-програмата“, поделени се и учебници за 4., 5. и за 6. одделение. Адеми додаде дека се реконструирани седум училишни објекти, а објавен е тендер и за обнова на уште 23 објекти, каде се следи настава во основно и во средно образование.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Најголем напад на Русија врз украинскиот енергетски систем во последните неколку седмици

Руски проектили и беспилотни летала погодија речиси десетина украински критични инфраструктурни објекти во голем воздушен напад рано во средата, предизвикувајќи сериозна штета на три термоелектрани од времето на Советскиот...