Членови на семејството на Осама бин Ладен биле во авионот кој вчера попладне се урна во Хемшир, Велика Британија, соопштиле од амбасадата на Саудиска Арабија во Лондон, јавува „Би-Би-Си“.
Приватниот авион се урна во близина на аеродромот „Блекбуш“, а во несреќата загинаа пилотот и сите тројца патници.
Во изјава, објавена на „Твитер“, саудискиот амбасадор во Велика Британија, принцот Мохамед бин Наваф Ал Сауди, изразил сочувство до семејството Бин Ладен, додавајќи дека амбасадата е во постојан контакт со британските власти кои ја водат истрагата.
Авионот, „ембраер феном 300“, кој според информациите и припаѓал на фирма на семејството Бин Ладен, летал од Милано, Италија.
Очевидци на несреќата изјавиле дека по падот на авионот забележале топка од пламен и неколку експлозии.