недела, 13 септември, 2026
Meta.mk

Ознака: СаудискаАрабија | 23 резултати

Саудиска Арабија негира дека ја бомбардирала свадбата

септември 30, 2015

Официјален Ријад денеска ги отфрли обвинувањата на јеменските власти дека нејзините воздухопловни сили се одговорни за завчерашното убиство на 130 цивили на свадба во jугозападниот дел на Јемен. Саудиска Арабија тврди дека за време на инцидентот, нивните воздухопловни сили, како и силите на членките на меѓународната сунитска коалиција, не учествувале во никакви воени операции во Јемен. […]

Саудиски принц уапсен во Лос Анџелес за сексуално насилство

септември 25, 2015

Саудискиот принц Маџид Абдулазиз ал Суад во средата е уапсен во Лос Анџелес под обвинение за сексуално насилство врз една од своите слугинки. Како што соопшти полицијата во Лос Анџелес, 28-годишниот принц е пуштен на слобода откако платил кауција од 300.000 долари. Весникот „Лос Анџелес тајмс“ пишува дека полицијата упаднала на имотот на принцот, откако […]

Трагедија во Мека: Во стампедо загинаа 717 аџии

септември 24, 2015

Бројот на жртвите во стампедото за време на чествувањето на Курбан-бајрам во близина на Мека достигна 717 лица, а 805 се повредени, соопштија саудиските власти. Околу 4.000 членови на спасувачките екипи и 220 возила на брзата помош се испратени на местото на несреќата. Трагедијата се случи на првиот ден од Курбан-бајрам, на ридот Мина во близина на […]

Бројот на загинатите кај Мека се зголеми на 310

септември 24, 2015

Бројот на жртвите во стампедото што се случи за време на прославата во близина на светиот муслимански град Мека се зголеми на 310, се наведува во новите податоци на саудиските служби за цивилна заштита. Во соопштението се наведува дека уште 450 лица се повредени во големата турканица во Мина, околу пет километри од Мека. Во Мина се наоѓаат […]

Почна аџилакот во Мека

септември 22, 2015

Неколку стотина илјади муслимански верници денеска го почнаа аџилакот во Мека, каде секоја година се одржува најголемото муслиманско празнување. Се очекува доаѓање на околу два милиони верници, наведоа саудиските власти, кои на 11 септември со соочија со голема несреќа, кога скеле падна во Големата џамија во Мека, при што загинаа 108 лица, а 400 беа […]

Седумнаесет загинати во бомбашки напад на џамија

август 6, 2015

Најмалку 17 лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад на џамија на југот на Саудиска Арабија, јави саудиската државна телевизија. Нападот се случил во јужната провинција Асир, која се наоѓа југоисточно од Мека, во близина на границата со Јемен. Во џамијата имало припадници на единиците за државна безбедност – специјални сили за вонредни ситуации, јавуваат локалните […]

Саудискиот крал го прекинал контроверзниот одмор во Франција

август 3, 2015

Саудискиот крал Салман бин Абдулазиз ал-Сауд го прекинал својот одмор на француското крајбрежје откако затворањето на плажата за другите посетители, заради негова лична безбедност, предзвикала револт, јавуваат светските агенции. По само осум еден, од она што било планирано како тринеделен одмор, кралот Салман заминал за Мароко, соопштиле официјални лица. Како што пренесуваат медиумите, саудискиот крал на […]

Членови на семејството на Бин Ладен загинале во авионска несреќа во Британија

август 1, 2015

Членови на семејството на Осама бин Ладен биле во авионот кој вчера попладне се урна во Хемшир, Велика Британија, соопштиле од амбасадата на Саудиска Арабија во Лондон, јавува „Би-Би-Си“. Приватниот авион се урна во близина на аеродромот „Блекбуш“, а во несреќата загинаа пилотот и сите тројца патници. Во изјава, објавена на „Твитер“, саудискиот амбасадор во […]

Саудиски принц ќе донира 32 милијарди долари во добротворни цели

јули 1, 2015

Саудискиот милијардер, принцот Алвалед бин Талал, изјавил дека ќе го донира целото свое богатство од 32 милијарди долари во добротворни цели, пренесува „Би-Би-Си“. Принцот Алвалед, кој е на 60-годишна возраст и е еден од најбогатите луѓе на планетата, рекол дека на овој потег бил инспирирана од Фондацијата „Гејтс“, основана од Бил Гејтс и од неговата […]

Саудиска Арабија осуди блогер на 10 години затвор и на камшикување

јуни 8, 2015

Врховниот суд на Саудиска Арабија ја потврди пресудата од 1.000 удари со камшик и од 10 години затвор за блогер Раиф Бадави, без разлика на меѓународната осуда. Бадави е уапсен во 2012 година поради навредување на исламот преку социјалните мрежи и усвојување либерални мисли. Тој четири години водел блог наречен „Либерална саудиска мрежа“, кој поттикнува […]

Саудијците гледаат најмногу телевизија

јуни 3, 2015

По 407 минути телевизија дневно гледаат жителите на Саудиска Арабија. Со тоа станаа први на листата на најголеми зависници од малите екрани, што ја изработи меѓународната маркетинг-агенција „Зенит оптимедија“. Веднаш зад Саудијците се најдоа Хрватите, кои днвено минуваат по 377 минути пред своите телевизори, по што следат Романците со 340 минути, Литванците со 325 и […]

Триесетина загинати во самоубиствен напад на џамија во Саудиска Арабија

мај 22, 2015

Најмалку 30 лица денеска загинаа или се ранети во самоубиствен бомбашки напад, кој се случи за време на молитва во шиитска џамија на истокот на Саудиска Арабија. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, прв врз шиите во Саудиска Арабија од минатата година, кога осум лица беа убиени за време на верска прослава, исто […]

Саудиска Арабија ги продолжува нападите врз Јемен

мај 19, 2015

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија во текот на ноќта го нападна главниот јеменски град Сана, целејќи кон силите лојални на поранешниот претседател Али Абудалху Селаху на истокот и на југот на градот. Станува збор за прв напад на град по шестдневниот прекин на огнот, кој заврши во неделата навечер, иако воените операции продолжиле во понеделникот во […]

Бомбардирани позициите на Хутите во Јемен

април 23, 2015

Борбените авиони на коалицијата предводена од Саудиска Арабија утринава гаѓаа позиции на Хутите, во селата јужно од јеменското пристаниште Аден, изјавија жители на подрачјето. Авионите гаѓале тенкови што му припаѓаат на движењето чиј сојузник е Иран. Меѓународната коалиција пред два дена објави дека ја завршила 30-дневната кампања на воздушни напади во Јемен, но саудискиот портпарол подоцна […]

Саудиска Арабија ги продолжува нападите на Јемен

април 22, 2015

Меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија денеска го бомбардираше градот Таез, на југозападот на Јемен, каде бунтовниците Хути претходно нападнаа камп на војската на актуелниот јеменски претседател, Абд Раб Мансур Хади. Неименувани извори соопштија дека мета на нападот бил воен камп, каде рано наутро се судриле приврзаниците и противниците на Абд Раба Мансур Хади.

Обама во вторник ќе се запознае со новиот саудиски крал

јануари 24, 2015

Претседателот на САД, Барак Обама, во вторник ќе отпатува во Саудиска Арабија за да се запознае со новиот крал Салман и да изрази сочувство на фамилијата на покојниот крал Абдула, велат од Белата куќа. Делегацијата на САД требаше да ја предводи потпретседателот Џо Бајден, но распоредот на Обама беше сменет и тој ќе ја скрати […]

Почина кралот на Саудиска Арабија

јануари 23, 2015

Кралот на Саудиска Арабија, Абдула бин Абдулазис, почина на 90-годишна возраст по кратко боледување, соопшти доцна синоќа саудиската државна телевизија. Веста доаѓа откако кралот беше хоспитализиран на 31 декември минатата година, поради пневмонија, а неколку дена подоцна беше објавено дека неговата сосотојба се подобрува. Гласини дека кралот е починат кружеле на социјалните мрежи уште пред […]

Груевски се сретна со престолонаследникот на Саудиска Арабија

декември 15, 2014

Прмиерот Никола Груевски, денеска во Ријад се сретна со престолонаследникот на Кралството Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз ал–Сауд. На средбата, според владиното соопштение, соговорниците изразиле подготвеност за продлабочување на заедничките односи и размениле мислења и ставови за интензивирање на економската и на политичка соработка во повеќе области од заемен интерес. „Министрите за финансии на Република […]

Премиерот Груевски со владина делегација во посета на Саудиска Арабија

декември 14, 2014

Владина делегација на чело со премиерот Никола Груевски од денеска е во посета на Саудиска Арабија, пренесуваат медиумите. Владината делегација, покрај премиерот, ја сочинуваат вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции, Висар Фида, и заменик-министерот за економија, Христијан Делев, кои, како што соопштиле од владината служба за […]

Страна 1 од 1