fbpx

Либералите за договорот: Рано е да се слави

-

„Либералната партија на Македонија смета дека е рано да се слави и повикува на внимателност во опозициската јавност“, се вели во дел од соопштението на ЛПМ, во кое е сумиран ставот на партијата во врска со договорот за решавање на политичката криза што вчера го постигнаа лидерите на четирите најголеми партии, со посредство на Европската унија и на САД.

Од ЛП во пет точки ги наведуваат своите ставови и забелешки околу договорот, односно протоколот на договорот од 2 јуни.

Оттаму велат дека во протоколот не се опфатени многу важни прашања од кризата, кои се наведени во извештајот на Рајнхард Прибе и дека документот „не се задржува децидно и на оние елементи неопходни за обезбедување демократски и неспорен изборен процес (прочистувањето на избирачкиот список, изборниот модел, пописот)“.

„Во однос на прашањата опфатени во протоколот, очигледни се и одредени недоречености во постапката за остварување на целите на договорот, било оние што се јасно декларирани во текстот, било оние што произлегуваат од самата содржина на договорот и на протоколот. Оттука, Либералната партија смета дека е рано да се слави и повикува на внимателност во опозициската јавност“, стои во соопштението.

Според партијата, „во следниот период практично ќе се види која е вистинската намера на секој од потписниците на договорот и колку таа е во согласност со целите на решавањето на кризата“ и дека на тој начин ќе стане „јасно колку секој од потписниците (и партијата што ја претставува) вистински е решен да води сметка за државните интереси, а колку ќе се влечат потези инспирирани од лични и од теснопартиски мотиви“.

Од ЛП сметаат дека во наредниот период ќе биде „потребен е перманентен надзор на неговото спроведување од страна на гарантите на договорот и на протоколот, а особено од Европската комисија (ЕК)“.

„Ова е потребно за да не се упропасти процесот дизајниран од самиот договор и истиот да не прерасне во уште еден документ со третман на „тоалетна хартија“. Ваквата обврска еднакво се однесува и на сите политички партии, како и на граѓанската јавност и цивилниот сектор во Република Македонија“, се вели во соопштението на либералите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До 13 часот за претседател гласале 23.95 отсто а за пратеници 25.84 отсто од гласачите

До 13 часот на Претседателските избори гласале 302.158 граѓани, односно 23.95 отсто од гласачите, додека, пак, на Парламентарните избори гласале 312.070 граѓани, или 25.84 отсто. Според податоците од Државната изборна...