fbpx
Таг: Никола Груевски

таг: Никола Груевски

ЕВБ: Вучиќ украл страница од книгата на Груевски – двајцата се теретат за миграција на гласачи

По изборите на 17 декември, опозицијата во Србија ја обвини владејачката партија за организирана регистрација на гласачите кои вообичаено не живеат во Белград за да гласаат на локалните избори во градот. Слични обвинувања, со протечени аудиоснимки своевремено беа упатени и против поранешниот премиер на Северна Македонија, Никола Груевски, пишува Serbia Elects, а пренесува Јуропеан Вестерн Балканс (European Western Balkans...

Врховен го одби Груевски, му остануваат 9 години затвор за „Плацевите на Водно”

Врховниот суд го одби барањето на порaнешниот премиер, Никола Груевски за вонредно преиспитување на пресудата за случајот „Плацеви на Водно”. Со оваа одлука, се потврдува деветгодишната затворска казна што ја потврди Апелациониот суд Скопје и сите правни лекови за Груевски во земјава се исцрпени. Со пресудата на Апелациониот суд, покрај 9-годишната затворска казна за Груевски, условна казна затвор доби и...

Ковачевски: Груевски треба да се врати, но за да се соочи со правдата

Наводите за можно враќање на Никола Груевски во земјава е депласирана тема, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања, по посетата на Скопска пивара. Ова тој го одговори во врска со наводите за можно враќање на експремиерот Никола Груевски во земјава, а во контекст на ефектите од контроверзните измени на Кривичниот законик. Тој одговори и на прашањето дали...

Со измените на Кривичниот законик Груевски не се враќа во Македонија, тврди Пендаровски

Со последните измени на Кривичниот законик, Никола Груевски нема да се врати во Македонија. Досега не се вратил, поради овие измени нема ни да се врати, тоа е сигурно, вели претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за „Гласот на Америка“, дадено по неговото обраќање во ООН. „Тврдам, досега не се вратил, заради овие измени нема ни да се врати, тоа е...

Мицкоски и Груевски со нови обвинувања, од СДСМ бараат да не ги мешаат во кавгата

Лажна е пропагандата на СДСМ, која трае скоро пола деценија, дека партијата се води од странство. Ова денеска го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој додаде дека неговата партија не била никогаш пообединета и има огромна поддршка од народот. „ВМРО-ДПМНЕ ја води раководството на партијата заедно со структурите во партијата, членовите и активистите. ВМРО-ДПМНЕ е партија од народот, својот...

Мицкоски и Груевски во жесток клинч – кој е учесник во триаголникот?

Актуелниот и поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Никола Груевски и денеска продолжија да се напаѓаат со меѓусебни преписки преку социјалната мрежа Фејсбук, откако вчера го истрошија првичниот арсенал на зборови еден против друг. Двата поста на Мицкоски и Груевски веќе имаат илјадници лајкови, до 16:30 часот оној на Мицкоски достигна 2.800 лајкови, додека Груевски за само еден час...

Кој за кого одработува? Мицкоски и Груевски јавно се испокараа

Актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го обвини поранешниот лидер Никола Груевски дека е во тајна комуникација со владата за да се подели опозициската партија и за да се протуркаат уставните измени, додека Груевски му врати на Мицкоски дека ќе треба да одговори јавно на две прашања. Дојче Веле сервисот на македонски јазик ја пренесува изјавата на Христијан Мицкоски за...

Во „Титаник“ ќе потоне делото „злосторничко здружување“ за Груевски, но му остануваат другите дела

На денешното рочиште за случајот „Титаник“, во кој обвинетите меѓу другото се товарат и за делото злосторничко здружување (за кое казната затвор со измените во Кривичниот законик се намалија од 10 на 3 години), воопшто не беа спомнати законските измени. Со новите законски измени, практично е настанато застарување на ова дело за обвинетите Никола Груевски и Кирил Божиновски, но...

Пендаровски фрли жешка топка во рацете на партиите – кој барал амнестија за Груевски?

Откако претседателот на државата, Стево Пендаровски во гостување на емисијата „Трилинг“ рече дека на неформално ниво, пред 7-8 месеци од „некои актери на политичката сцена“ бил консултиран околу евентуална амнестија на експремиерот Никола Груевски, денеска политичките партии, секоја со своја теза, повторно ја вжештија темата. Пендаровски во емисијата истакна дека нема намера да го помилува експремиерот, бидејќи, според него, тоа...

Опозицијата на два пати преку посредници барала од Пендаровски помилување за одредени политичари

Претседателот Стево Пендаровски, соопшти дека оваа година, на два наврати опозицијата преку посредници му упатила „предлози да размисли за помилување на одредени политичари или да поддржи закон за амнестија на актуелни или поранешни политичари“. „Тие предлози, преку посредници, до претседателот Пендаровски беа упатени од политички и безбедносни структури кои се блиски до актуелната опозиција, како и од поранешни политичари“, соопшти...

Над 1.220 луѓе лани биле пријавени во обвинителствата по членот 353 од Кривичниот законик кој ѝ пречеше на власта

Во јавните обвинителства во државата лани 1221 лице било пријавено по членот 353 од Кривичниот законик (КЗ), за злоупотреба на службената положба и овластување, говорат податоците од Годишниот извештај за работата на обвинителствата за 2022 година, кој беше доставен до Собранието на РСМ. По членот 353 биле поднесени 151 обвиненија, а донесени биле 95 пресуди. Во однос на делото „несовесно работење...

Препукувања меѓу Груби и Димитриевски за тоа кој бил во Будимпешта кај Груевски

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски и првиот вицепремиер, Артан Груби преку соопштенија и објави на Фејсбук се препукуваат за тоа кој бил во посета во Будимпшета кај експремиерот Никола Груевски. Димитриевски прво јавно го прозва Груби да каже кои биле причините што бил во Будимпешта, Груби му врати: „Максо, не ти личи да лажеш и се резилиш вака јавно“, а Димитриевски...

Контраспин: Владите на Груевски дале дозвола за рудникот Иловица во 2012 и 2015 година

Поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски се огласи на Фејсбук дека неговата влада никогаш не донела одлука за експлоатација на злато и бакар во Иловица, но со детална проверка на одлуките на Влада што се депонирани и издадени во Службен весник на РM од 2012 до 2022 година се утврдува дека Груевски спинува, зашто донел такви одлуки...

15 луѓе, преку пет држави, за 11 споменици – истрага за тоа како се переле пари од „Скопје 2014“

Воинот на коњ, двата пара лавови, Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, Методија Андонов Ченто, Цар Самоил, Јустинијан Први, АСНОМ, Основачите на ВМРО. Ова се единаесетте споменици за кои Јавното обвинителство, по долги години предистражна постапка, отвори истрага - сомнежите се дека 15 лица переле пари за нивното леење во Италија. Од буџетот на граѓаните се плаќале високи суми...

На насловната на книгата на Груевски не пишува „Се враќам“

Насловната страница на книгата од поранешниот премиер, Никола Груевски, со фотошопираната реченица „Се враќам“, ја манипулира јавноста. Фактите покажуваат дека содржината е изменета и заради тоа е невистинита, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   На објава на социјалната мрежа Фејсбук e споделена насловната страна од новата книга за поранешниот премиер Никола Груевски која што е со...

Апелација досуди условна казна за Мијалков за случајот „Плацевите на Водно“

Апелацискиот суд од Скопје со донесената пресуда ја замени затворската казна за ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков со условна осуда, додека ја зголеми затворската казна на поранешниот премиер Никола Груевски од седум на девет години. Со првичната пресуда на Основниот кривичен суд од Скопје Мијалков беше осуден на една година и три месеци затвор за...

Уставните измени повод за остри критики меѓу Ковачевски и Мицкоски

Кој ги знае ставовите на Никола Груевски за уставните измени, а кој оди по странски амбасади за да гарантира изгласување на уставните измени во замена за власт? Ова се само дел од острите реплики на претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и премиерот Димитар Ковачевски коишто си ги разменија вчера и денеска. Премиерот Димитар Ковачевски вчера го повика Мицкоски...

Лога: Подготвуваме нов допис за екстрадиција на Груевски

Кренар Лога, министер за правда, во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 најави дека подготвува нов допис за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски. Во гостувањето тој кажал дека писмото е поврзано и со девет други случаи. Во образложението за екстрадиција, навел Лога, ќе пишувало дека казната Груевски ќе ја одлежува во хашките ќелии кои ги исполнуваат условите, бидејќи добил...

Контраспин: Дури ни Груевски не си дозволи пи-ар „рекреaција“ во канцеларија како Груби

Груби може да се запраша зошто дури ни „мајсторот“ за пи-ар, каков што беше премиерот Никола Груевски, никогаш не си дозволил да прави реклама од своето работење во канцеларија. И тој се жалеше дека работи 24/7 – 365 дена, дека повеќе од 12 часа минува со своите премиерски обврски, но кога сакаше да прави пи-ар или се „рекреираше“ со...

Судот во Стразбур ги одби жалбите на помилуваните ексфункционери од ВМРО-ДПМНЕ

Европскиот суд за човекови права во Стразбур едногласно одлучи дека апликацијата на поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои во 2016 година беа помилувани од тогашниот претседател Ѓорге Иванов се недопустливи, односно дека обвинетите не ги исцрпиле сите домашни правни лекови. Владимир Талески, Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски, Сашо Мијалков, Тони Трајковски и Едмонд Темелко се жалеа во Стразбур...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...