fbpx

Препукувања меѓу Груби и Димитриевски за тоа кој бил во Будимпешта кај Груевски

Дали е точно дека е одржана средба меѓу тесното раководство на СДСМ и ДУИ на која е одлучено да се побара помош од Будимпешта? Дали е точно дека на таа средба е одлучено лице за контакт со Будимпешта да биде г-динот Груби, праша Димитриевски, а Груби му порача „да не се резили јавно“

-

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски и првиот вицепремиер, Артан Груби преку соопштенија и објави на Фејсбук се препукуваат за тоа кој бил во посета во Будимпшета кај експремиерот Никола Груевски.

Димитриевски прво јавно го прозва Груби да каже кои биле причините што бил во Будимпешта, Груби му врати: „Максо, не ти личи да лажеш и се резилиш вака јавно“, а Димитриевски продолжи.

„Дали е точно дека е одржана средба меѓу тесното раководство на СДСМ и ДУИ на која е одлучено да се побара помош од Будимпешта? Дали е точно дека на таа средба е одлучено лице за контакт со Будимпешта да биде г-динот Груби? Дали е точно дека за помошта од Будимпешта, побарано е закон за “амнестија” (актуелните измени на членовите во КЗ) и обезбедување на дополнителен број на пратеници за уставни измени“, праша Димитриевски.

Артан Груби потоа во коментар на Фејсбук го праша кумановскиот градоначалник, дали тој во Будимпешта договорил ВМРО-ДПМНЕ да му ги даде гласовите на локалните избори со кои стана градоначалник на Куманово.

„Знам дека е поразително, ама јас во Будимпешта не сум бил никогаш во живот и не сум се сретнал никогаш со било кого ниту во Будимпешта, ниту во Унгарија. Дај кажи им на твоиве, дали ти во Будимпешта договори ВМРО да ти ги даде гласовите на локалните избори на кои стана градоначалник на Куманово? Ама кажи искрено, немој да лажеш пак“, праша Груби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...