fbpx
Comments are closed.

Фон дер Лајен: Климатските промени се дело на човекот, потребни се технологија и пари за да се справиме со нив

Фон дер Лајен рече дека ЕУ успеала да ги намали емисиите на штетни гасови за 35 проценти, но дека на глобално ниво светот се уште е далеку од остварување на поставените цели

-

Климатските промени се дело на човекот, што значи дека ние можеме да се справиме со овој предизвик, за што ни е потребна технологија и ни требаат финансии, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на сесијата „Една земја“ на Самитот на Г20 во Њу Делхи.

„Само земјите од Г20 учествуваат со 80 отсто во емисиите на стакленички гасови. Од друга страна, на Африка отпаѓаат помалку од 4 проценти од емисиите на стакленички гасови, но таа е меѓу најпогодените од климатските промени, рече Фон дер Лајен.

Таа додаде дека останува обврската да се обезбедат 100 милијарди долари за оваа година за финансирање на проекти за справување со климатските промени. ЕУ во тоа финансирање во 2021 година учествувала со 27 милијарди долари.

Фон дер Лајен исто така рече дека ЕУ успеала да ги намали емисиите на штетни гасови за 35 проценти, но дека на глобално ниво светот се уште е далеку од остварување на поставените цели.

„Науката ни кажува дека нема да ја оствариме нашата цел да го ограничиме глобалниот раст на температурата на 1,5 степени. Ако сакаме да ја достигнеме нашата цел за ограничување на зголемувањето на температурата на 1,5 степени, треба тројно да ја зголемиме употребата на обновлива енергија и да ја удвоивме енергетската ефикасност до 2030 година. Се гледа само она што е мерливо, ние го знаеме тој принцип, додаде Фон дер Лајен.

Таа најави дека само во следните пет години, преку својата програма „Глобална порта“, ЕУ ќе инвестира најмалку четири милијарди евра во обновливи извори на енергија во земјите во развој, потенцирајќи дека за справување со климатските промени потребно е да се привлече „многу приватен капитал“.

1 КОМЕНТАР

  1. […] Климатските промени се дело на човекот, што значи дека ние можеме да се справиме со овој предизвик, за што ни е потребна технологија и ни требаат финансии, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на сесијата „Една земја“ на Самитот на Г20 во Њу Делхи, пренесува Мета. […]

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...