fbpx

На насловната на книгата на Груевски не пишува „Се враќам“

И покрај тоа што е неверојатно Груевски да се врати, сепак оваа објава е многу вирална и има 109 реакции, 16 коментари и 54 споделувања.

-

Насловната страница на книгата од поранешниот премиер, Никола Груевски, со фотошопираната реченица „Се враќам“, ја манипулира јавноста. Фактите покажуваат дека содржината е изменета и заради тоа е невистинита, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

На објава на социјалната мрежа Фејсбук e споделена насловната страна од новата книга за поранешниот премиер Никола Груевски која што е со изменета содржина (altered content), односно „фотошопирана“ со додавање на текст кој што не е дел од насловната страница.

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој е бегалец од правдата во Будимпешта, издаде нова книга, која од почетокот на месецов е во продажба во земјава. Книгата е со наслов „Добро е да се знае“ и е во издание на издавачката куќа „Ѓурѓа“.

Како што во предговорот вели Груевски, книгата е збир на текстови и записи од полето на историјата и празниците кои биле објавени на социјалните мрежи од 2017 година, па до април 2023 година.

Насловната страница, како што официјално објави „Ѓурѓа“ го прикажува Груевски и притоа на средината е напишано неговото име и насловот „Добро е да се знае!“. Долу десно напишано е „Есеи за значајни историски мигови“. И толку!

Објавата која што е предмет на оваа рецензија, на оваа официјална фотографија и наслов, под самиот наслов со големи жолти букви е допишана реченицата „СЕ ВРАЌАМ“. Но, ова не е дел од вистинската фотографија, туку оваа реченица е фотошопирана. Впрочем, никаде во предговорот тој не вели дека планира да се врати во Македонија.

За политичар од негов ранг и калибар (којшто е баран во земјава и за него има распишана потерница, за кого има судски пресуди кои чекаат да бидат извршени, односно за кого има изречени затворски казни кои треба да ги одлежи), евентуалното враќање во С. Македонија би било топ тема во домашната, но и во меѓународната јавност. Но, тоа не е случај.

Груевски и понатаму е во Будимпешта, Унгарија, ја нема преминато македонската граница на ниту еден граничен премин и никогаш на социјалните мрежи, каде што редовно одржува контакт со јавноста, се нема произнесено дека планира да се врати во државава.

На 12.11.2018 година судот ја објави и меѓународната потерница за Никола Груевски. Фотографија од поранешниот премиер Никола Груевски е објавена на веб-страницата на Министерството за внатрешни работи, каде што се објавуваат сите лица по кои е распишана потерница.

Никола Груевски, од татко Тало и мајка Надежда, роден на 31.08.1970 во Скопје се бара за пронаоѓање и приведување заради извршување на казната затвор во траење од две години за сторено кривично дело – примање награда за противзаконито влијание од чл. 359 ст.2 од Кривичниот законик. Никола Груевски се бара и по определена мерка притвор во траење од 30 дена за кривично дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ член 313 од Кривичниот законик, пишува на веб-страницата на МВР.

Груевски во 2018 година соопшти дека Унгарија позитивно одговорила на неговото барање за добивање политички азил. Тој тогаш тврдеше дека избегал од Северна Македонија за да го заштити својот живот од бројни закани кои му биле упатени.

Но и покрај тоа што е неверојатно Груевски да се врати, сепак оваа објава е многу вирална и има 109 реакции, 16 коментари и 54 споделувања.

Ваквата вирална објава, онака како што е пласирана, ги манипулира корисниците преку видоизменетата фотографија, односно изменета содржина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гоше Николов од Мета.мк е еден од добитниците на наградата „Гласник на невидливите“

Новинарот на Мета.мк Гоше Николов е еден од добитниците на наградата „Гласник на невидливите“ за 2024 година, што ја доделува Македонска платформа против сиромаштија (МППС). Тој наградата ја доби...