fbpx
Таг: Левица

таг: Левица

Наводниот нацизам во Киев и натаму предмет на дезинформациите од Москва

Повеќе дезинформациски наративи може да се идентификуваат од почетокот на годинава во медиумскиот и интернет просторот на македонски јазик. Од тоа дека на Украина ѝ е „загрозена државноста“ ако ја продолжи војната, до тоа дека Зеленски ја загубил популарноста. Сепак најконзистентни остануваат дезинформациите за поврзаноста на елитите во Киев со нацизмот, што директно ги пласираа и Путин и Медведев....

Содржината кон Запад, коментарите кон Исток: Што се објавува на Фејсбук за НАТО и ЕУ

Прашањата околу интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија и НАТО се меѓу најдоминантните политички теми во објавите на социјалните мрежи. Во своите Фејсбук постови, политичарите на власт постојано повторуваат дека ЕУ и НАТО се стратешки цели на државата од највисока важност, а од друга страна, се чини дека граѓаните сè повеќе се скептични во нивните зборови. Опозициските партии,...

Сепак има реакција од Владата и МНР за инцидентот со македонското знаме на турнирот „Австралија Опен“

Од партијата Левица прашуваат зошто македонското знаме е забрането за пренос на тенискиот турнир „Австралија Опен“ и зошто нема реакции од властите. Вчера изутрина од Министерството за надворешни работи, а по неколку часа и премиерот, излегоа со соопштенија поврзани со оваа тема. Според соопштението на МНР и изјавата на Ковачевски, се работи за ненамерен пропуст, односно техничка грешка што...

Османи: Денес можеше да биде ден за славење и кај нас

Денеска можевме и ние да славиме, но антиевропските темни сили држат во заложништво два милиони граѓани, порача македонскиот министер за надворешни работи денеска на својата Фејсбук страница, честитајќи го почетокот на преговорите за пристапување во ЕУ на Украина и Молдавија. „Честитки до Украина и Молдавија за почетокот на преговорите со Европската Унија. Денес можеше да биде ден за славење и...

Индекс на транспарентност: Ниту една политичка партија нема објавено список на вработени

Многу добра активна транспарентност за прв пат постигнале партиите СДСМ, Левица и Алијанса на Албанците, покажаа резултатите добиени од Индексот на транспарентност (2023) на политичките партии на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Резултатите покажуваат дека има значително подобрување кај активната транспарентност на политичките партии, споредено со мерењето за Индексот на транспарентност (2021), иако сè уште ниту една партија нема постигнато...

Медиумите, сепак известиле за Пленумот на Левица

Тврдењето на професорката Ванковска дека медиумите се посрамиле и ниту еден не го ни нотирал одржувањето на Пленумот на парламентарната партија Левица, е невистина која лесно фактографски се утврдува. Од она што може да се утврди се гледа дека не е до Гугл, туку до начинот на пребарување на професорката. Конечно, можеби медиумите немале новинари кои ќе го следат...

Левица го грабна мегафонот на Кремљ

Добар дел од јавноста веќе од поодамна ја перципира Левица како проруска партија, длабоко навлезена во пропагандната машинерија на Кремљ. Партијата ја користи терминологијата на Москва, па руската инвазија ја нарекува „специјална воена операција“. Пратениците на Левица лани во март, токму среде руската воена офанзива на Украина, имаа средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин. Во периодот кога војната во...

ВМРО, Левица и Зелен хуман град против изградбата на автобуско метро во Скопје

Тоталната блокада на главниот град продолжува и во однос на реализацијата на проектот за воведување алтернативен и висококапацитетен јавен превоз во Скопје. Градоначалничката Данела Арсовска со месеци претходно ја одложуваше реализацијата на автобуското метро - Бас рапид транзит, за пред неколку дена од Град Скопје да соопштат дека ги коригирале пречките на проектот предизвикани од претходното градско раководство. Но, реализацијата...

Контраспин: Апасиев како Робеспјер – народен фронт за финална пресметка!

Левица, како и секоја друга партија во предизборието што е веќе одамна започнато, од многу причини вчера си дозволи да демонстрира насилство и кршење во Собранието, кое е недозволиво, добивајќи веројатно гласови плус. А, денеска, пак и нови револуционерни ставови, кои се спин. Но, штетата што ја направија е поголема од ползата (евентуални гласови плус), зoшто голем дел од...

По вандализмот на Левица во Собранието сите се обвинуваат дека се во коалиција со противникот

И владејчката СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го осудија однесувањето на пратениците на Левица на вчерашната собраниска седница кога Борислав Крмов откорна монитор и заедно со Димитар Апасиев фрлаа со листови кон потпретседателот на Собранието Горан Мисовски кој ја водеше седницата за усвојување на новиот Деловник за работа на Собранието на РСМ. Со низа соопштенија реагираше и Левица. Она што ги карактеризира...

На протест се бараа оставки за случајот со Клиниката за онкологија

Попладнево на протест излегоа граѓани кои бараат расветлување на скандалот со Клиниката за онкологија, откако медиумите објавија сомнежи за злоупотреби со терапијата на болните од рак. Додека МВР и обвинителството, според денешното соопштение, вршат распит на лица и собираат докази, граѓани се собраа пред Владата, извикувајќи „убијци, убијци“ и палеа свеќи за жртвите на здравствениот систем во земјава. Повеќе граѓани...

Левица го преименува паркот „Украина“ во „АСНОМ“, случајот е пријавен во полиција

Општина Чаир најостро го осудува вандалскиот чин на таблата со името парк „Украина“ која се наоѓа на нашата територија, поточно во близина на општинскиот објект, реагираше Висар Ганиу, градоначалник на општина Чаир, откако Црвена Младина - активисти на политичката партија Левица го преименуваше паркот Украина во парк АСНОМ. Случајот е веќе пријавен во полиција, а општина Чаир бара „што поскоро...

Контраспин: Левица спинува дека Македонија е вклучена во репресии на Србите на Косово

Реагирајќи на одлука на Влада за испраќање на 31 припадник на АРМ на Косово на шест месеци, Левица спинува дека КФОР е репресивна сила која често употребува прекумерна сила врз Србите, дека со одлуката на Владата и земјата е вклучена во такви репресалии, дека над 90 отсто од македонското население ја осудува таквата одлука и дека мисијата не е...

ВМРО-ДПМНЕ и Левица во битолскиот совет изгласаа помош за семејствата на осудените за 27 април

Претседателката на советот на општина Битола, Габриела Илиевска, побарала инспекторите од Државниот инспекторат за локална самоуправа да извршат вонреден инспекциски надзор, во врска со последните случувања во битолскиот општински совет. Денешното продолжение на седницата, кое не го закажа Илиевска и со кое претседавала највозрасната советничка од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Марица Тодоровска, резултираше со одлука согласно која, на семејствата на...

Левица предложи, а Општина Аеродром прифати споменикот на Ќосето да се постави во Горно Лисиче

Со мнозинство гласови советот на Општина Аеродром на вчерашната седница се усвои иницијативата на советничката група на партијата Левица споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето да се постави на територија на општината, во паркот во Горно Лисиче. Иницијативата на советниците на Левица беше поддржана од советниците на ВМРО-ДПМНЕ. За оваа иницијатива ќе треба да гласаат пратениците во Собранието и тие...

Отфрлена идејата на СДСМ да се отстапи реконструкцијата на Универзална сала на Владата

Советот на град Скопје денеска ја отфрли иницијативата на советничката група на СДСМ за Градот Скопје да го отстапи проектот за реконструкција на Универзалната сала на Владата на РСМ. Оваа точка на дневниот ред не беше изгласана, бидејќи мнозинството советници, иако беа присутни во салата - вкупно 38 на број, одлучија да не гласаат за оваа точка. За идејата...

ВМРО-ДПМНЕ и Левица со амандмани против покачување на платите на судиите и обвинителите

ВМРО-ДПМНЕ и Левица денеска со 4.500 амандмани ги блокираа четирите закони кои предвидуваат покачување на платите на судиите и јавните обвинители, како и на судскиот и обвинителскиот совет. Предлог-законите за платите во судството и обвинителството ги поднесе поранешниот министер за правда Никола Тупанчевски уште во декември лани. Законите се најдоа на дневен ред на седницата на Комисијата за политички систем...

Законот за амнестија на осудените од 27 април не помина, обвинувања кои пратеници не гласале

Откако пратениците од Собранието вчера не го прифатија предлог-законот за амнестија на осудените за „крвавиот четврток“ од 27 април 2017 година, денеска опозициските пратеници се расправаат зошто дел од нив не гласале за овој предлог кој беше поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, по претходна иницијатива на адвокатите Јанаки Митревски и Драган Пешевски. На вчерашното гласање 58 пратеници гласаа „против“, додека 40 пратеници...

Контраспин: Левица формално не е против зачленување во ЕУ, ама суштински е

„Не во ЕУ по секоја цена“ поради „тектонски геополитички промени“ и поради „губење на интегритет и суверенитетот на земјата“ со сите договори досега. Така вели членката на Президиумот на Левица Јована Мојсоска. Ако во исто време не се кажува јасно алтернативата, која, нели, „секогаш ја има“,  Левица ја извртува вистината дека е само анти НАТО, а не и анти...

НАТО и „парамилитарните кримоси“ во Арачиново – класична дезинформација

Станува збор за анти-НАТО дезинформациска реторика насочена кон поткрепа на програмските цели и дејствувањето на партијата Левица, која создава/шири дополнителна недоверба во институциите на државата („недопирливи“), но и во меѓуетничките односи, зашто може да се поврзе и со настаните од јуни 2001 година. Тврдењето кое како утврден факт беше пренесено на некои онлајн медиуми со сензационалистички наслов ЕВЕ ЗОШТО...

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...